" "

Посетете го Volvo Cars

Центарот за посетители на Volvo Cars е сместен во срцето на Volvo Cars во Торсланда, Гетеборг. Ќе ви дадеме единстве поглед во една од најважните индустрии на Шведска.

Тука може да закажете разни активности, вклучувајќи и обиколка низ нашата фабрика, возење на најновите автомобили на Volvo и посета со водич на нашиот центар Brand Experience каде што ќе дознаете за нашата визија во области како што се поврзаноста, безбедноста, дизајнот и животната околина. Секојдневно дизајнираме за вас и вашите желби

Нашите фабрички обиколки

Одете на фабричка обиколка низ фабриката Volvo Cars во Торсланда и видете го нашето производство. Имаме 20.000 посетители годишно на нашите обиколки, каде што водичот ќе ви го објасни производниот процес од лимените табли со готовите автомобили.

Фабричките обиколки се достапни за фирми, организации и училишта, како и за јавноста. Секоја обиколка може да прими до 30 посетители иако може да се договорат поголеми. Обиколките траат околу еден час, со тури кои варираат зависно од развојните дејности што се одвиваат во фабриката. Забрането е фотографирање и користење мобилни телефони. Обиколките се изведуваат на шведски, англиски и мандарински, од понеделник до петок и мора да се закаже однапред. 

Центарот Brand Experience

Volvo Cars се грижи за луѓето. Затоа го направивме центарот Brand Experience, каде што можете да сетите што го прави секое Volvo навистина Volvo. Дојдете и видете како пронаоѓаме за да ви го разубавиме и поедноставиме животот и како ги преземаме сите чекори за да ве заштитиме вас и вашиот свет - на пример, посветувајќи се на тоа никој да не загине или да биде сериозно повреден во нов автомобил на Volvo до 20202020.

Нашиот центар Brand Experience кани фирми, организации и училишта на обиколки со водич на нашите изложби кои се фокусирани на дизајнот, безбедноста, животната околина и поврзаните автомобили. Една обиколка трае 1,5 час и прима групи до 50 посетители. Обиколките се на шведски и англиски, од понеделник до петок. Имаме конференциски соби и аудиториум кој може да го користите за инспиративен состанок, со кетеринг по барање.

Демо центарот на Volvo

Добредојдовте во еден од највозбудливите делови на Центарот за посетители на Volvo Cars: демо лента. Зипробајѕе хги нашите најнови модели на лента за таа намена и сите бенефиции од нив. Групи од фирми и организации се добредојдени да закажат пробно возење во нашиот Демо центар.

Резервираме од 1-40 луѓе и добредојдени сте да ја комбинирате вашата активост со конференција или други активности во Центарот за посетители на Volvo Cars. Од учесниците се бара да имаат валидна сообраќајна дозвола.

Одберете од над 20 модели на Volvo со разни мотори и спецификации, најновото што е на располагање на пазарот.

Продавница и кафуле

Истражете ги најновите тематски артикли на Volvo во нашата продавница и уживајте во јадење или само во кафе во „International Café на Volvo Cars “.

Продавницата на Volvo Cars нуди голем избор на галантерија и сувенири за Volvo, како и најновите линии на материјали.

Кликнете тука за повеќе информации. Отворено од понеделник до петок, 9.00 - 16.30.

После утринското истражување, зошто да не уживате во ручек или пијалак во Volvo Cars International Café Работи од понеделник до петок, 8.00 - 15.30.

Конференции во Volvo Hall

Добре дојдовте во Volvo Hall каде што ви нудие идеален конференциски простор во срцето на Volvo.

Volvo Hall е поволен за разни настани и нуди најнова аудиовизуелна технологија, безжична конекција, конференциски повик, опрема и технологија за видео конференција . Просториите во нашиот ауиториум собираат од 5 до 250 луѓе.

Музејот на Volvo

Патувајте низ времето и дознајте како почна се во Музејот на Volvo. Ги каниме компаниите, организациите, училиштате и јавноста. Музејот m2 изложува производи од целокупниот асортиман на Volvo, вклучувајќи автомобили, камиони, автобуси, конструкциска опрема, поморски мотори и многу други интересни производи на Volvo. Можете да закажете во Центарот за посетители или да дознаете повеќе за музејот на www.volvomuseum.com

Резервации и информации

За резервации и прашања за нашите активности, ве молиме јавете се на: +46 31 325 10 93. Канцеларијата за резервации работи од понеделнник до петок, 8.30 - 16.00. Можете и да не контактирате преку е-пошта на: visitor@volvocars.com : visitor@volvocars.com.

За резервации и прашања за Volvo Hall, јавете се на: +46 (0)31 59 50 00 или на e-mail vhallen@volvocars.com.

Локација

Центарот за посетители на Volvo Carе сместен во Karosvagen 2, покрај Соредсваген во Торсланда. Кога користите ГПС, ве молиме внесете Karossvägen 2 

Јавен транспорт

Неколку автобуси, некои тргнуваат од централната станица во Гетеборг, ќе ве одведат - ве молиме, барајте автобуси кои застануваат на автобуската постојка “Volvohallen”.

VOLVO CARS MAP