1950 - 1958

PV831-4

Во 1950 година Volvo лансираше ажурирана верзија на такси возила во Серијата 800. Основните новини биле дизајнот на предниот дел, кој сега има понизок профил и фаровите назад на предните крила.Новата верзија на PV830 го доби својот изглед во 1953 година и бил замислен како ексклузивен автомобил за големите компании кои ќе го користат при превоз на важни посетители. Главната надворешна карактеристика по што се разликува оваа верзија е бојата, бордо металик или темно сина. Внатрешноста вклучува ексклузивен тапацир. На задното седиште има потпирач за раце и тепих на подот. Стандардната опрема вклучува радио. Како такси, се сметало дека е речиси невозможно овие автомобили да се изабат и неколку од нив всушност се користеле до 1980 година. Како додаток на такси верзијата, серијата 800 можела да биде доставена како шасија, наменети за амбулантни возила, Каравани или мали комбиња.

Технички спецификации

Модел: PV 831-4 Верзија: PV 831 (Такси со стаклена преграда) PV 832 (Такси без стаклена преграда) PV 833 Chassis PV 834 Chassis, продолжен Произведен: 1950 - 1958 Обем: 6216 Каросерија: такси возило со 7-8 седишта или шасија наменета на пример за амбулантно возило. Мотор: 6-цилиндричен со странични вентили; 3,670 cc; 84.14x110 mm; 90 КС на 3,600 вртежи во минута. Пренос: 3-рачни брзини, менувач на контролната табла. Сопирачки: Хидраулични на сите тркала. Димензии: Меѓуоскино растојание 3,250 or 3,550 mm.