" "

1967 - 1974

145

На крајот на ноември 1967 година Volvo ја претстави третата верзија од она што сега е во развој, семеен автомобил познат како серијата 140, Volvo 145. Volvo 145 беше Караван со 5 врати со заден дел кој имаше речиси вертикалнa багажна врата. Сите се согласија дека тоj е безбеден, удобен и многу практичен и простран автомобил. Обемот на багажниот простор беше повеќе од 2 кубни метри и подот беше целосно рамен. Овој дизајн на задниот дел оттогаш стана добро позната карактеристика на сите Volvo Каравани. Volvo 145 брзо стана екстремно популарен Караван одигра важна улога во серијата 140. Годишните промени главно беа исти бидејќи паралелно беа воведени верзиите со 2 и 4 врати. А видливи промени се воведоа во 1970 година, кога крајниот страничен заден прозорец исчезна во корист на еден подолг прозорец позади задните врати.

Технички спецификации

Модел: 145 Верзија: Express, Зголемен покрив Произведен: 1967 - 1974 Обем: 268317 Каросерија:Седан со 5 врати Мотор: 4-цилиндричен со горни вентили, 1,778 cc, 84.14 x 80 mm, and 1,986 cc, 88.9 x 80 mm, во неколку верзии на моќност. Пренос: 4-рачни брзини или 4 -рачни брзини со електрична преодна брзина или 3-авоматски брзини. Сопирачки: Хидраулични, дискови на сите четири тркала. Димензии: Целосна должина 464 cm, меѓуоскино растојание 260 cm.