1968 - 1975

164

Есента 1968 година Volvo го претстави Volvo 164. Беше развиена верзија на Volvo 144, но имаше попрестижно- ориентирана позиција. Главната разлика во техничка смисла беше дека Volvo 164 имаше 3.0-литарски 6-цилиндричен мотор под хаубата. Овој мотор бил развиен од 2.0-литарски, 4-цилиндричен мотор, кој бil воведен за серијата 140 во исто време, во 1968 година, Од самиот почеток 164 имаше два карбуратори и подоцна исто така беше достапен со уред за вбризгување на горивото. Ова беше прв пат во 10 години Volvo да е во состојба да понуди автомобил со 6 цилиндри. Последен пат беше кога беа направени такси возилата во серијата 830. Сепак, кога станува збор за автомобили насочени за приватни купувачи, Volvo го немаше автомобилот со 6 цилиндри речси 20 години, од 1950 година кога производството на PV60 престана. Што се однесува до надворешноста на 164, предниот дел имаше свој стил. Хаубата беше подолга за да се направи простор за поголем мотор. Обликот на пред, исто така даваше поголем престиж што се должеше на големата предна решетка. Во внатрешноста, седиштата беа сосема различни, материјалите беа полуксузни и можеа да се добијат кожени седишта. Volvo 164 е произведен помеѓу 1968 и 1975 година. Најголем дел од автомобилите произведени во текот на минатата година беа испратени во САД.

Технички спецификации

Модел: 164 Произведен: 1968 - 1975 Обем: 146008 Каросерија: Седан со 4 врати Мотор: 6-цилиндричен со горни вентили, 2,978 cc, 88.9 x 80 mm, 135-175 КС. Пренос: 4-рачни брзини, 4-рачни брзини со електрична преодна брзина или 3-автоматски брзини. Сопирачки: Хидраулични, дискови на сите тркала. Димензии: Целосна должина 470 cm, меѓуоскино растојание 270 cm.