1974 - 1984

242

Во август 1974 година Volvo ја претстави новата генерација на автомобили наречена 240 и 260 серија. Овие нови модели биле развиени од серијата 140, а беа многу слични на нивните претходници. Промените вклучуваат нов фронт, големи браници и унапредена шасија со систем на потпирање на предни тркала на Мекферсон. Во исто време почна да се користи нов 4- цилиндрчен мотор со брегаста осовина. Претходниот 4-цилиндричен се уште се нудеше во основните верзии. Возилата со две врати се уште се побаруваа, особено на нордиските пазари, и тоа беше природно да се вклучат во програмата автомобилите со 2 врати. Сепак, како што трендот се движеше кон автомобили со 4 врати, моделот 242 бил тргнат од производство долго пред 244 и 245. Со текот на годините, Volvo 242 е произведен со многу различни мотори и менувачи. Најспектакуларните верзии беа 242GT воведен во доцните 1970-ти и 240 Turbo од 1980-тите на пазарот во Северна Америка, двете возила нудат спектакуларни перформанси и одговараат во целост на класичната поговорка волк во овча облека.

Технички спецификации

Модел: 242 Верзија: 242 GT Произведен: 1974 - 1984 Обем: 242621 Каросерија: Седан со 2 врати Мотор: 4 цилиндричен OHV, 4-цилиндричен OHC, 4-цилиндричен OHC со турбо полнач Пренос: 4-рачни брзини или 4 брзини со електрична преодна брзина, со менувач интегриран на подот. 3-автоматски брзини. Сопирачки: Хидраулични, дискови на сите четири тркала. Димензии: Целосна должина 490 cm, меѓуоскино растојание 264 cm. Друго: Во 1985, Volvo 242 победи на Европскиот шампионат на туристички автомобили.