" "

1975 - 1980

66

Во 1972 година, Volvo купил една третина од DAF Car BV во Холандија и на тој начин се етаблираше во сегментот на мали автомобили каде што претходно не беше застапен. Во средината на 1970-тите години се купени дополнителни удели во DAF Car BV и компанијата се ре-организираше со цел да се создаде Volvo Car BV.Првиот автомобил на Volvo Car BV што го носеше името на Volvo е Volvo 66. Ова беше развиена претходна верзија на DAF 66 моделот. Volvo 66 е достапен во две верзии, седан со 2 врати и Караван со 3 врати. Овие автомобили имаа погон на задните тркала и автоматски менувач со постојано променлив пренос, CVT.

Технички спецификации

Модел: 66 Произведен: 1975 - 1980 Обем: 106137 Каросерија: Седан со 2 врати или Караван со 3 врати Мотор: 4-цилиндричен OHV, 1,109 cc, 47 Кс, или 1,289 cc, 57 КС. Пренос: Аутоматик,постојано променлив пренос-CVT. Сопирачки: Хидраулични, диск сопирачки напред и барабан сопирачки позади. Димензии: Целосна должина 390 cm,меѓуоскино растојание 225 cm.