1985 - 1990

780

Кога се отворија за јавноста вратите на Меѓународниот авто саем во Женева во 1985 година, центарот на вниманието падна на сосема новиот модел на Volvo. Volvo 780 беше ексклузивно купе со 2 врати. Тој беше дизајниран од страна на италијанската агенција за стилизирање, Бертоне, која исто така беше одговорна за производство на овие исклучителни автомобили, добивајќи претходно искуство со производство на Volvo 264TE (Лимузина верзија на 264) и Volvo 262C, купе верзија на Volvo 260 .Volvo 780 комбинираше елегантност и безвременски дизајн со јасниот Volvo идентитет. Внатрешноста исто така беше единствена за овој модел, а задното седиште имаше индивидуална форма за двајца патници .Од технички аспект, Volvo 780 во голема мера се заснова на моделот 760.

Технички спецификации

Модел: 780 Произведен: 1985 - 1990 Обем: 8518 Каросерија: Купе со 2 врати Мотор: 4-цилиндричен DOHC 1,986 cc или 2,316 cc OHC, V6 OHC 2,849 cc, или 6-цилиндричен 2,383 cc Турбо Дизел Пренос: 4-рачни брзини со електрична преодна брзина или 4-автоматски брзини Сопирачки: Хидраулични, диск сопирачки на сите тркала Димензии: Севкупна должина 479.4 cm меѓуоскино растојание 277 cm