1990 - 1997

960 SEDAN

Есента 1990 се случи промоцијата на Volvo 960. Новиот Volvo 960 го замени досегашниот Volvo 760, која е на пазарот од 1982 година.Volvo 960 е придвижуван од страна на нови 6-цилиндрични мотори со зафатнина од 3 литри. Тоа беше напреден мотор со блок алуминиумски цилиндри и двојна брегаста осовина споена со 4 вентили по цилиндар. Овој мотор ја претставуваше првата фаза од една сосема нова генерација на мотори, која на крајот се прошири во создавање на нова серија на 5-цилиндрични и 4-цилиндрични Volvo мотори. За Volvo 960 беа отриени исто така голем број на нови безбедносни карактеристики, меѓу кои механизмот на појасот во 3 точки и прилагодливиот потпирач за глава за средината на задните седишта. Во понатамошно подобрување на безбедносниот профил на новиот автомобил влегуваше интегрирано детско седиште во средината на потпирачот за рака на задното седиште што би можело да биде наведено како дополнителна опција. Овие и други случувања за безбедност му донесоа на моделот значителна меѓународна награда, а меѓу нив и „Prince Michael Road Safety Award"" и „Autocar & Motor за најдобри безбедносни карактеристики. За модел годината 1995 Volvo 960 подложеше на сеопфатен редизајн. На предната страна и беше даден нов изглед; шасијата беше речиси сосема нова вклучувајќи и надоградена верзија на задната суспензија со попречно поставени спирали од композитен материјал. Новата верзија на 2.5 литарски мотор со 6 цилиндри ја дополнува претходната 3-литарски верзија. Во 1997 година, Volvo S90 го замени 960 Sedan.

Технички спецификации

Модел: 960 Sedan Произведен: 1990 - 1997 Обем: 112710 Каросерија: седан со 4 врати Мотор: 6-цилиндричен DOHC единица, 2,473 cc или 2,922 cc Пренос: 5-рачни брзини или 4 автоматски брзини Сопирачки:Хидраулични, дискови на сите тркала Димензии: Целосна должина 487 cm меѓуоскино растојание 277 cm