" "

НАСЛЕДСТВО НА ИНОВАЦИИ

Во секоја генерација, Volvo бил пионер.

1959-безбедносен појас со три подесувања

Само уште неколкумина на планетава спасиле толку многу животи како инеженерот на Volvo, Нилс Болин. Тој го воведе безбедносниот појас со три подесувања во производната серија PV544. Оттогаш, се проценува дека се спасени над милион животии како резултат на тоа што Volvo Cars се откажа од своите патентни права во корист на сите.

1972-детско безбедносно седиште свртено наназад

Ги паметите старите слики од астронаути кои лежат на грб при полетувањето за да ги изедначат силите? Тоа беше основниот принцип што стои зад нашите детски седишта свртени наназад, да се распореди тежината и да се минимизира повредата. Потоа, во 1976 го измисливе детското бустер седиште и повторно во 1990 засилувачот вграден во самото седиште.

1976 – Lambda Sond

Lambda Sond беше уште еден придонес на Volvo Cars кон почиста околина. Мала направа со големина на прст - всушност, тоа е сонда за кислород и значеше дека ја намаливме емисијата на штетни гасови за 90%.

1991 - заштита од страничен судир

Уште еден крупен чекор напред за безбедноста беше нашиот Side Impact Protection System, SIPS. Тој беше интегрален дел на нашиот автомобилски дизајн и вклучуваше многу цврста структура, вградени материјали кои апсорбираат енергија, попречна потпора на подот и засилени седишта. Во 1994 следуваа страничните воздушни перничиња.

1998 - систем за заштита од повреди на вратот

Повредата на вратот е болна и скапа. Исто така е и многу честа, па се фокусиравме на намалувањето на повредите од судири со мала брзина. Системот се состои од многу робустен наслон за глава и паметен дизајн на седиштето кои дава еднаква потпора при судир.Како резултат на тоа, ризикот од долготрајни здравствени проблеми е преполовен.

1998 - завеса на надувување

Завесата на надувување за Volvo Cars беше уште еден скок напред кон безбедноста. Скриена е во тапацирот и оди од предниот до задниот дел на кабината - во случај на страничен судир, завесата се надувува за 25-илјадит дел од секунд и оже да прими 75% од енергијата што се генерира кога е главата исфрлена на страна.

2002 - систем за заштита од превртување (ROPS)

Завесата на надувување за Volvo Cars беше уште еден скок напред кон безбедноста. Скриена е во тапацирот и оди од предниот до задниот дел на кабината - во случај на страничен судир, завесата се надувува за 25-илјадит дел од секунд и оже да прими 75% од енергијата што се генерира кога е главата исфрлена на страна.

2003 - систем за информирање во слепа точка (BLIS)

Кога возачите менуваат ленти, еден момент на невнимание може да има катастрофални поледици доколку возачот не забележал друг автомобил во слепата точка. Решивме нашите автомобили исто така да внимаваат на проблемите - нашиот систем BLIS користи камери и радар за да внимава на возилата покрај и надвор од линијата на задниот дел на Волвото. Кога автомобилот влегува во слепа точка, покрај ретровисорот на вратата се пали предупредувачко светло и на возачот му дава доволно време да реагира.

2008 - City Safety

Еве една неверојатна статистика - 75% од сите пријавени судири се случуваат набрзина до 30 км-ч а 50% од нив одзади, возачот назад воопшто не запрел. Видовме можност да измениме многу - нашиот систем за безбедност на градот City Safety преку ласерска детекција открива дали ќе се случи судир со автомобилот напред и ако не запре возачот, автомобилот ќе го стори тоа. Системот функционира до 50 км/ч.

2010 - детектирање пешаци со целосно автоматско запирање

Сакаме нашите безбедносни иновации да им бидат од корист и на тие што не се во нашите автомобили. Развивме систем, користејќи радар и камера, кој го предупредува возачот ако зачекори некој пред автомобилот, а потоа автоматски запира доколку не запре возачот. Тоа е огромен чекор напред, исто така. Во САД 11% од сите смртни случаи во сообраќајот се пешаци, во Европа 14% и неверојатни 26% во Кина.

2014 - заштита од излетување од пат

Излетувањето од патот е причина за половина од вккупниот број смртни случаи во САД. Volvo повторно беше пионер во тестирањето на судири поради излетување од патот, честопати резултат на замор, лоши временски услови или невнимание на возачот. Се фокусиравме на тоа патниците да ги задржиме цврсто на седиштата, воведувајќи го функционалното „апсорбирање на енергијата“ во седиштата, што може да ги намали повредите на ‘рбетот.

2016 - поврзана безбедност

Volvo Cars дефинира сосема нов вид систем за заштита на патот во свет на поврзани автомобили. Нашите најнови поврзани иновации - предупредување за лизгав пат и предупредување со светла за опасност - користат обработка во облак за споделување критични податоци меѓу возилата, предупредувајќи го возачот на лизгави делови од патот или возила кои активирале светла за опасност, под услов возачот да има доволно време да забави.