Одборни комитети


Комитет за луѓе и надоместок


Бордот на Volvo Car AB (“Бордот”) го има назначено Комитетот за луѓе и надоместок да утврди надоместокот на Главниот извршен директор и CEO и членовите на Извршниот менаџерски тим. Целите и задачите на Комитет за луѓе и надоместок се да подготват, предложат и/или одлучат и презентираат на Бордот прашања поврзани со надоместот и неговите принципи, перформанси и планот за наследување на Главниот извршен директор и извршниот менаџмент и други поврзани прашања. Mikael Olsson (Претседател), Li Shufu, Peter Zhang and Thomas Johnstone се моментали членови на Комитетот за луѓе и надоместок.

Комитет за ревизија

Бордот го назначува Комитетот за ревизија да надгледува корпоративното работење, финансиското известување, ризици и усогласеност со надворешните и внатрешните правила. Комитетот за ревизија е одговорен за идентификација и известување на релевантните проблеми на Бордотво областите на одговорност на Комитетот. Комитетот за ревизија ќе ги мониторира интегритетот на системот на финансиско известување на Volvo Car Групацијата, внатрешна контрола, оперативни процедри и рамката за управување со ризик, ќе му препорачува на Бордот именување, отстратување и надомест на законски ревизори (предмет на одобрување од страна на состанокот на акционери) во согласнот со Законот за трговски друштва, ќе ја следи независноста на законските ревизори и прегледува ефикасноста на внатрешните ревизори и усогласувањето.

Комитет за производствена стратегија и инвестиции

Бордот одлучи да го воспостави Комитетот за производствена стратегија и инвестиции од 1ви Јануари 2016 година. Новиот Комитет ќе ја надгледува производствената стратегија на Volvo Car Групацијата и на инвестициите поврзани со неа. Комитет за производствена стратегија и инвестиции гарантира дека промените во општеството, погледот на луѓето кон мобилноста и колите, како и промените на автомобилскиот пазар ќе се рефлетираат во стратешкото производство и бизнис планирањето на Volvo Car Групацијата, а и при изборот на технологии. Thomas Johnstone (Претседател), Carl-Peter Forster, Betsy Atkins, заедно со Håkan Samuelsson се дел од Комитет за производствена стратегија и инвестиции.