Претседател и Главен извршен директор

Håkan Samuelsson

Именуван за член на Одборот: Октомври 2012

Роден: 1951

Место на раѓање: Шведска

Достигнувања:
Како Главен извршен директор на MAN, Г-дин Samuelsson иницирал голема реконструкција на групацијата која резултираше во зголемена и поефикасна организација која е пофокусирана на портфолиото на производи.

Компании за кои работел:
Scania, Man AG, Volvo Cars, Scandia

Одговорности како Еднаков Директор:
Член на Одборот на Teknikföretagen

Работно искуство:
2005 – 2009 Претседател и Главен извршен директор, MAN AG
2000 – 2005 Претседател и Главен извршен директор, MAN Nutzfahrzeuge AG,Извршен член на Одборот, MAN AG 
1996 – 2000 Извршен член на Одборот за Развој и Производство, Scania Group
1993 – 1996 Индустриски директор, Scania Group
1988 – 1993 Директор на погон, Scania Group
1987 – 1988 Шеф на развој на мотори, Scania Group
1977 – 1987 Различни технички менаџерски позиции, Scania Group

Биографија:
Håkan Samuelsson ја започнал својата професионална кариера во 1977 во Scania, каде работел повеќе од 20 години. Г-дин Samuelsson извршувал високи функции во техничкиот сектор на Scania пред да се приклучи на извршниот одбор во 1996 година. Со себе го понел разновидното искуство во камионската индустрија од Scania во MAN во 2000 година, кога станал шеф на MAN Nutzfahrzeuge, подружница на MAN AG. Кога бил прогласен за Главен извршен директор на MAN во 2005 година, иницирал голема реконструкција на групацијата која резултирала во зголемена и поефикасна организација која е пофокусирана на портфолиото на производи. Г-дин Samuelsson работел во Латинска Америка и низ цела Европа.

Извршен Менаџмент Тим