НАШАТА КОМПАНИЈА ИМА ВЛИЈАНИЕ

Бизнис со ефикасни ресурси

Со ефикасно користење на нашите ресурси го минимизираме влијанието на нашите дејности врз животната средина. Не се фокусираме само на користењето на водата, енергетската ефикасност, отпадот и емисијата на штетни гасови во воздухот во нашата работа, туку и планираме да ги зголемиме барањата од нашите деловни партнери.

ПОСВЕТЕНОСТ

Климатски неутрално производство до 2025

Имаме за цел да бидеме климатски неутрални (за јаглеродниот диоксид) во сите наши производствени дејности до 2025. Ова е глобална посветеност која ќе ја постигнеме преку енергетска ефикасност и обезбедување климатски неутрални енергенти.

Одржлив работен век

Како компанија сосредоточена на луѓето, целта ни е да понудиме безбеден, мотивирачки и атрактивен работен простор каде што луѓето можат да се надградат и да придонесат во развојот на компанијата. Оваа тема се однесува на балансираниот животот на работа и професионалното здравје и безбедност на секој вработен во Volvo Cars, за да се осигуриме дека сме мотивирани на работа и ќе се пензионираме со здрав ум и тело.

ПОСВЕТЕНОСТ

Без смртни случаи или сериозни повреди во Volvo Cars

Посветени сме на тоа да нема смртни случаи на работа или сериозни повреди кај нашите вработени или изведувачи. Ова ќе го постигнеме со имплементација на проактивни алати и иницијативи и преку промовирање поголема безбедносна култура.

Различност и култура на вклучување

Различноста и вклучувањето за нас значат привлекување луѓе со различни компетентности, заднини, култури, полови, искуство и личности, за да се изгради иновативна, етичка и вклучувачка глобална култура и организација. Веруваме дека тоа ги подобрува нашите производи и го прави нашиот бизнис поуспешен. Нашите лидери се пример за таквите напори.

ПОСВЕТЕНОСТ

35% лидери од различни националности и 35% женски лидери до 2020

Volvo Cars е посветен на тоа сите лидери да промовираат нови перспективи со цел да изградат глобална, динамична и пристојна работна средина. Тоа ќе се постигне преку засужилени планови за акција, фокусирани на вклучување, еднаква застапеност на половите, меѓународно искуство и регрутирање, лидерство и брендирање на работодавачот.
Целите до 2020 се следните:

  • 35% од нашите 300 врвни директори нема да бидат со шведска националност
  • 35% од нашите водечки позиции треба да ги заземаат жени