НАШАТА УЛОГА ВО ОПШТЕСТВОТО

Партнер во одржливиот развој

Сакаме да одиграме улога во општеството, но сфаќаме дека сме ограничени во индивидуалното креирање на подобар свет. Преку партнерства со глобални организации и соработка за постигнување на заедничките цели, можеме колективно да го оптимизираме нашеиот општествен придонес.

ПОСВЕТЕНОСТ

Ангажман во корпоративно партнерство

Ќе продолжиме со соработката и партнерството со клучни организации на глобално и национално ниво со цел да промовираме одржлив развој.

Побезбедни преку споделување

Нашата работа околу сообраќајната безбедност оди подалеку од сопствениците на наши автомобили и други патници, како пешаци и велосипедисти. Се работи и за пренесување на знаењето. Ја споделуваме нашата перспектива за безбедноста во реалниот живот, нашето искуство и нашиот единствен начин на работа во партнерството со акционерите. Нашиот пристап во споделување на бенефициите за луѓето, општеството и планетата..

ПОСВЕТЕНОСТ

Поделување на знаењето за безбедноста во сообраќајот.

Ќе ја продолжиме активната соработка и партнерството со клучните организации и општеството за да го споделиме нашето знаење за собраќајната безбедност.

Отелотворување на етиката и човековите права

„Отелотворување на етиката и човечковите права“ е израз за нашиот придонес во општеството и за одговорното раководење со работата. Нашето наследство и култура се важни за морално водство и грижа за животната околина, борбата против корупцијата, детските права и промовирањето одговорно раководење со работата преку ланец на вредности.

ПОСВЕТЕНОСТ

Морално раководство и одговорна работа

Посветени сме на одговорното раководење со работата и на борбата против корупцијата каде и да работиме, преку морално раководство. Тоа подразбира и нашите директори да поставуваат стандарди и да бидат пример за морално однесување и професионален интегритет.