ЕФЕКТОТ НА НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ

Животен циклус на перформанси

Овој простор е наменет за намалувањето на штетното влијание од нашите производи врз нашата планета и обезбедувањето решенија за одржлива мобилност за луѓето. Volvo Cars има перспектива за оваа прашање. За нас, не се работи само за емиси на штетни гасови од ауспухот, туку и за тоа жда бидеме лидерска компанија кога се работи за обезбедувањето на одржливи производи, а исто така опфаќаме и одржливи материјали и рефабрикација.

ПОСВЕТЕНОСТ

1 милион електрифицирани возила продадени до 2025

Нашата цел е до 2025 да имаме 1 милион електрифицирани возила на патиштата. Оваа бројка е добиена од сите наши продадени „плагин“ хибриди и електрични возила со акумулатор, со тек на време. Целта ќе се постигне со нудење целосно електрифицирани возила и проширена понуда на „плагин“ хибриди.

Безбедност во реалниот живот

Нашиот водечки пристап кон безбедноста во реалноста е единствен метод да се зафатиме со безбедноста на возилото. Наесто да бркаме легислативи или рејтинзи на тестовите за безбедност, ние се вртиме кон податоците од вистинскиот живот за да ги решиме проблемите со безбедноста во сообраќајот и да придонесеме за побезбедни патишта.

ПОСВЕТЕНОСТ

Наша визија е никој да не загине или сериозно да се повреди во нова кола на Volvo до 2020.

Се надеваме да ја постигнеме оваа визија со нашата светски водечка експертиза и преку континуирани иновации за безбедноста на возилото.

Искуство на клиентот

Ние сме автомобилска компанија сосредоточена на луѓето со култура која е искрено заинтересирана да ги разбере и да им излезе во пресрет на вистинските потреби, која ги сака и живее од нашите клиенти. Станува збор за тоа да покажеме дека клиентите можат да се потпрат на нас како произведувач на автомобили и дека го штитиме тоа што им значи, обесбедувајќи им иновативни и одржливи решенија во неколку области.

ПОСВЕТЕТЕНОСТ

CleanZone leadership

Имаме за цел да бидеме лидери во поглед на благосостојбата на клинетот, нудејќи му решенија и материјали за ослободување чист воздух. Ова ќе го постигнеме преку иновации во филтри и материјали, како и со алатки за визуелизација кои ќе го подобрат искуството на клиентот.