Drive-E

Ефикасна моќ, без компромис

Нашите нови иновативни системи за пропулзија даваат совршен баланс меѓу моќноста и ефикасноста, давајќи ви возачко задоволство какво што посакувате од едно Волво и неверојатно мала емисија на издувни гасови и потрошувачка на гориво.

Комбинираме лесни мотори со компресори, турбо и електрификација заизвонредни перформанси со помало штѕетно влијание врз околината. Тоа е интелигентна технологија која ви го дава надобриот од сите светови. Ние го нарекуваме Drive-E.

Моќност

Нашиот асортиман на Drive-E вклучува еден од најмоќните мотори со 4 цилиндри во светот. Ова ново семејство на системи за пропулзија користи компресор и турбо, како и напредни преноси за да обезбеди енергија со многу помала потрошувачка на гориво и емисија на издувни гасови. Електрификацијата овозможува да се постигне уште повеќе. Во позиција „Power“, T8 Twin Engine „плагин“ хибридот на XC90 дава забрзување од 0-100 км/ч само за 5,9 секунди, правејќи го автомобил со навистина високи перформанси.

Чиста ефикасност

Подобрувајќи ја заштедата на гориво и минимизирајќи ја емисијата на CO2 , ологијата Drive-E ги редуцира вашите трошоци и вашето штетно влијание на околината.

Системот за пропулзија Drive-E постави нови стандарди за ефикасност, правејќи ги попријатни за возење и подобри за светот околу нас. Тие се во центарот на нашата визија за одржливоста и за изработка на автомобили кои се „дизајнирани за вас“.

Twin Engine - перформанси без компромиси

Нашите модели Twin Engine имаат „плагин“ хибридни системи за пропулзија кои ви даваат перформанс без напор, без емисија на издувни гасови и позиција за возење која одговара на сите потреби. Тие се нашите најмоќни, но и најекономични автомобили, а притоа не се доведени во прашање безбедноста, луксузот и внатрешниот простор. Моделите на двојни мотори се врвен израз на филозофијата на Drive-E и секое патување го прават посебно.
Прочитај повеќе

Иднината е електрична

Електрификацијата ни помага да создадеме луксузни, ефикасни автомобили без емисија на издувни гасови. Затоа планираме нов асортиман на хибридни модели „плагин“ и затоа нашата следна генерација автомобили се дизајнирани за електрификација. Како и секогаш, гледаме напред и работиме на начините за подобрување на животот во иднина.

Наши иновации

Се што правиме е дизајнирано околу луѓе, затоа секоја иновација што ја рпавиме е дизајнирана да го поедностави и подобри вашиот живот. Ние сме посебно горди на нашите напредоци во ефикасната моќ, конективноста и безбедноста. Ние го нарекуваме нашето размислување во овие простори: Drive-E, Sensus, и IntelliSafe.