" "

TWIN МОТОР - ПЕРФОРАНСИ БЕЗ КОМПРОМИС

Електрична хибрид технологија без компромис

Врв на технологијата Drive-E е Twin Engine - нашиот асортиман на „плагин“ хибридни модели кои комбинираат електричен мотор со ефикасен бензински или дизел мотор и даваат високи перформанси и ниска емисија на издувни гасови. 
Неговата „плагин“ хибридна технологија е дизајнирана за вашите потреби. Ја добивате истата сигурност, практичност и луксуз како и кај другите наши модели, со поголема моќност, помало влијание врз животната средина и избор од позиции за интелигентно возење што го подобрува секое патување.

Режим што одговара на секое патување

Вашето Volvo беспрекорно се вклопува во Вашиот живот со Twin Engine, благодарение на повеќе корисни режими на возење. Одберете го оној кој го сакате со само едно копче.

Запознајте го нашето семејство на „плагин“ хибриди

Како и да живеете, нашиот асортиман на „плагин“ хибриди нуди модел кој ќе ви го подобри животот. Моделите Twin Engine се спој на луксузот на Volvo и ниска емисија на јаглерод диоксид од 49 гр/км. На врвот на XC90 T8 Twin engine се наоѓа првокласното спортското возило со 7 седишта со возбудливи перформанси и без емисија на издувни гасови. Како што расте нашето семејство на „плагин“ хибриди, расте и вашиот избор. Во иднина ќе нудиме верзии на Twin Engine во целиот асортиман на автомобили, вклучувајќи го и новиот S90, и ќе лансираме извонредно ефикасен модел со погон на предни тркала.

Возете попаметно

Електрификацијата е подобар, поефикасен начин да ги добиете саканите перформанси. Моделите Twin Engine се меѓу најмоќните и обезбедуваат лесно забрзување и беспрекорна префинетост, а сепак се меѓу најефикасните. Нашите автомобили ги дизајнираме според вашите потреби и затоа електрификацијата веќе е клучна компонента во нашите автомобили.

Плагин, вклучување

Како сите наши иновации, технологијата Twin Engine е дизајнирана да го подобри и поедностави вашиот живот. Не мора да се грижите ако ви снема енергија, бидејќи има конвенционален отор кој секогаш ќе ве одведе до вашата дестинација. Полнењето е лесно и акумулаторот на нашите хибридни автомобили „плагин“ е сместен така што не го загрозува просторот, безбедноста и задоволството при возење. Twin Engine ви дава се што очекувате од Volvo, и повеќе од тоа.