12:30 AM | February 8 2016

Нов пристап кон мобилност

Воведување на автоматизација во транспортните системи ќе го направи нашето секојдневно патување поефикасно и одржливо. Автомобилите кои се паркираат сами ќе ги намалат расправиите за паркинг, таксијата без возачи ќе им понудат мобилност на секого и новите бизнис модели за мобилност ќе го направат беспрекорно вашето оптимално патување.
Ова беше целокупната тема во текот на првиот „Drive Sweden“, годишен генерален состанок одржан во Volvo Cars. Катарина Елмселмсатер-Свард, претседавач, и Јан Хелакер, програмски директор го водеа состанокот за да се задржи фокусот и проток на презентациите и дискусиите.

&ldquo"Drive Sweden" е шведска е стратешка програма за иновации. Таа беше лансирана од страна на шведската влада во 2015 година со цел да се задржи најнапредната фаза во врска со безбедноста и грижата за животната средина. .

Во текот на наредните години Drive Sweden ќе иницира и поддржи многу нови проекти кои ќе помогнат автономното возење да стане реалност. Заедно со „Drive Me" пилот тестот на самовозечки автомобили во Гетеборг оваа иницијатива ќе го направи секојдневниот живот поедноставен за нашите идни клиенти и ќе ги направи градовите поубави за живот.За повеќе информации во врска со Drive Sweden кликнете овде.

НОВОСТИ ВО АВТОНОМНОТО ВОЗЕЊЕ

Дознајте повеќе за автономните автомобили и автономното возење со Волво автомобилите

Архива