1:00 PM | September 6 2016

Volvo Cars и Autoliv возаеднички потфат за автономно возење

Volvo Cars, светскиот производител на автомобили и Autoliv Inc., светскиот лидер за бебедносни автомобилски системи најавија формирање на заедничка фирма за развој на следната генерација автономно возење и напредни системи за помош на возачот.

"Хакан Самуелсон, претседател и главен извршен директор на Volvo Cars, рече:" Со комбинирање на нашата експертиза и ресурси ние ќе создадеме светски лидер во развој на софтверот за самовозечки автомобили. Ова значи дека ние можеме побрзо да ја воведеме оваа возбудлива технологија за нашите клиенти".

Новата компанија ќе има седиште во Гетеборг, Шведска и ќе обезбедува системи за употреба во Volvo Cars и за продажба исклучиво преку Autoliv на сите производители на автомобили на глобално ниво.

Јан Карлсон, главен извршен директор и претседател на Autoliv, рече: "Не постојат две компании кои можат да тврдат дека имаат направено повеќе за безбедноста во автомобилите во светот од Autoliv и Volvo. Оваа нова компанија е признавање дека на автономното возење е следниот чекор со кој ќе се трансформира безбедноста на патот. "

Autoliv ќе биде ексклузивен снабдувач и канал за дистрибуција за сите производи на новата компанија кон трети лица, освен Volvo Cars кои ќе се снабдуваат директно од новата компанија. Нејзиното управување ќе вклучува претставници од Autoliv и Volvo Cars.

Прочитајте го целото соопштение

НОВОСТИ ВО АВТОНОМНОТО ВОЗЕЊЕ

Дознајте повеќе за автономните автомобили и автономното возење со Волво автомобилите

Архива