12:30 AM | March 4 2016

Volvo дебатира за иднината со самовозечките автомобили

Volvo Cars ќе биде домаќин на дебатата на 10 март, 2016 година која ги обединува клучните странки за да разговараат за најдобрите начини за максимизирање на придобивките во општеството од самовозечките автомобили .
Настанот насловен како "иднина со самовозечки автомобили закана или можност?", ќе се одржи во зградата на шведскиот парламент во Стокхолм. Ќе присуствуваат и претставници од шведската влада, индустријата и академската заедница. Воведничари ќе бидат Ана Јохансон, шведскиот министер за инфраструктура, Стефан Бенгтсон, директорот на Чалмерс универзитетот и Хакан Самуелсн, претседател и извршен директор на Volvo Car Group. 

Целта на дебатата е да се подигне свеста за начините на самовозчките автомобили со што ќе се подобри безбедноста, ефикасноста, квалитетот на воздухот и сообраќајниот метеж и ќе им даде на луѓето поголема контрола над нивното време. Исто така, ќе ги испита можностите и предизвиците кои можат да се појават на патот. 

Настанот во Стокхолм ќе биде втор во серијата организирани од Volvo Cars. На почетокот во Вашингтон во октомври 2015 година г-дин Самуелсон ја истакна важноста за соработка преку владата, индустријата и истражувачките тела за да се обезбеди непречено развивање и воведување на самовозечки автомобили. 

Кале Ranberg, директор на владини работи на Volvo Cars веќе изјави дека Шведска е во првите редови на развојот на самовозечки автомобили и одржување на динамиката е важно. 

"Шведска е земја со водечко светски ниво на безбедноста во сообраќајот. Тоа е плод на долгорочна соработка помеѓу академските институции, општеството и индустријата ", вели тој. "Ние сакаме да го примениме истиот модел на развој на самвозечки автомобили, а овој настан ќе ни помогне да се движиме во вистинската насока." rdquo; 

Шведските власти одиграа централна улога во развојот на Drive me тестовите на Volvo Cars кој ќе стави 100 клиенти во автомобили Volvo со самовозечка способност на шведските патишта со почеток во 2017 година. 

Г-дин Ранберг вели дека овој вид на соработка е од клучно значење. "Се надеваме дека овој настан во Стокхолм ќе ја зајакне посветеноста на сите соработници поради тоа што воведувањето на самовозечките автомобили ќе бара нови законски одредби и нов начин на гледање на работите", рече тој. "Огромни придобивки се зад аголот, но ние треба да работиме напорно за заедно да ги постигнеме."

НОВОСТИ ВО АВТОНОМНОТО ВОЗЕЊЕ

Дознајте повеќе за автономните автомобили и автономното возење со Волво автомобилите

Архива