" "

Concept 26

Ви претставуваме нов симбол на автомобилската слобода


Повторно го прави значајно возењето

Автомобилите остекогаш биле симбол на слобода. Денес, таа слобода е загрозена со тешкиот и непредвидлив сообраќај. Во Volvo веруваме дека автономното возење ќе ја врати таа слобода, овозможувајќи им на возачите да одберат како ќе го инат секој момент во автомобилот. За тоа се работи во Концептот 26.



Слободата на изборот.

Трите начини на концепт 26 се специјално дизајнирани за да го направат времето во автомобилот подобро. Без оглед на тоа дали возачот одбира да вози, да делегира возење, ентериерот се прилагодува за да создаде перфектна средина.

Hakan Samuelsson - Претседател и Главен извршен директор, Volvo Car Group

Volvo прифаќа целосна одговорност секогаш кога еден од нашите автомобили се во режим на автономно возење. Ние сме еден од првите производители на автомобили во светот кој ветува нешто вакво.

IntelliSafe Autopilot

Интерфејсот на автопилотот е направен лесен преос на контролата меѓу возачот и колата. Во автономна состојба, возачот секогаш може да види какви активности ќе преземе колата, менување лента или претекнување. Возачот нема да се изненади или алармира од неговото маневрирање или однесување.

Контрола на времето

Временскиот круг го прикажува расположливото време за автономно возење, давајќи им на возачите стратешко ниво на контрола врз патувањето. Тоа може да значи одбирање подолга рута бидејќи обезбедува подолго време на возење.

Вистинска иновација

Технологијата на автопилотот IntelliSafe ќе се тестира во пилотот Drive Me во Гетеборг 2017. 100 клиенти ќе бидат дел од пилотот, а со цел да се процени технологијата. После тоа ќе се роди автопилотот IntelliSafe.

Напредната технологија што стои зад Автопилотот веќе е употребена во функцијата Pilot Assist на новиот XC90.

Приклучи се на патувањето

Откриј повеќе за следната генерација на Volvo автомобилите.

Наши иновации

Се што правиме е дизајнирано околу луѓе, затоа секоја иновација што ја рпавиме е дизајнирана да го поедностави и подобри вашиот живот. Ние сме посебно горди на нашите напредоци во ефикасната моќ, конективноста и безбедноста. Ние го нарекуваме нашето размислување во овие простори: Drive-E, Sensus, и IntelliSafe.