" "

“Конечно може да ја додадеме димензијата време”

Marcus Rothoff, Директорот на програмата за автономно возење на Volvo Cars, објаснува што може да постигне пилот проектот Drive Me

Може ли да ни кажете нешто повеќе за тоа како ќе работи програмата Drive Me на Volvo Cars?

Моментално работиме на прототип автомобили и првите корисници ќе ги добијат автономните автомобили во 2017 година.

Пред тоа, некои корисници ќе имаат можност да погледнат како нивниот живот би се променил со автономното возење. Ние ќе поминеме време со нив за да можат да разберат како тие ги користат сегашните автомобили и да видат на кој начин автонимните автомобили ќе им го променат живеењето.

Кога тие конечно ќе го купат својот автономен автомобил, одблиску ќе работиме со нив за да разберат како автономното возење станува природен дел од животот. Сакаме да дознаеме колку брзо се навикнале на тоа, дали одговара на нивниот животен стил, што им е нив важно, како може да изградиме доверба? Доколку нашите корисници не му веруваат на автомобилот, тие нема да можат да го искористат слободното време што тој може да им го овозможи.

Првата серија на автомобили во пробниот период ќе биде високо автоматизирана, но бидејќи технологијата не е потврдена, возачите ќе треба да вршат надзор над автомобилите, односно возачите се одговорни за возилото. Во пробниот период ќе бидат лансирани повеќе автомобили. Во моментот кога технологијата ќе биде потврдена, се раѓа автопилотот IntelliSafe и возачот веќе нема да има потреба да врши надзор над автомобилот.

Кои автомобили ќе бидат искористени за програмата Drive Me?

Ќе го употребиме моделот XC90.

Каков вид на разговори треба да имате со патните органи за да може да функционираат автономните автомобили?

“За овој проект, како партнери ги имаме Шведската Транспортна Администрација и Шведската Транспортна Агенција. Транспортната Администрација е одговорна за инфраструктурата, а Транспортната Агенција за законите.

Истражуваме како може да ја прилагодиме инфраструктурата за повеќе да се искористат автономните автомобили, но ние имаме и решение кое може да се искористи во сегашната инфраструктура, инаку не би биле во можност да ги понудиме.

Најважно од сè е дека имаме бариера за сообраќајот од спротивната насока и детална мапа која покажува точно каде се наоѓаме. Во иднина може да ги подобриме патиштата за да добиеме повеќе од автономното возење и кога станува збор за достапни патишта, но и за социолошки можности, како за намален сообраќај, подобрена патна безбедност и одржливост.

На пример, автономните автомобили можат да го оптимизираат капацитетот на патишта со голем сообраќаен метеж со споделување на информации и кооперативна контрола. Способноста за комуницирање и оптимизирање на целокупниот проток ќе отвори нови можности кога станува збор за планирање на сообраќајот. Патиштата може да бидат поправени за да се овозможи нова оптимизација, како пошироки ленти за возење.

Кои се импликациите од автономните возила врз осигурителните компании?

Дискутираме за Drive Me проектот со повеќе осигурителни компании за да откриеме како осигурувањето ќе се развива во иднина.

Автономните автомобили ќе бидат дизајнирани со цел тие да не се судрат. Голем број истражувања покажуваат дека во 90 до 95 проценти од сите сообраќајни несреќи е вклучен човечкиот фактор. Ова ќе има големо влијание врз осигурувањето, со значително помал број барања.

Што би рекле дека е различно во приодот на Volvo Cars за автономното возење?

Со автономното возење се фокураме на вредноста која ја добиваат клиентите. Една од многуте понуди кои им ги нудиме на клиентите е можноста безбедно да го искористат изгубеното време при патување.

Ова значи дека треба да притиснеме за легислатива и свесност дека нашите возачи нема да бидат одговорни кога автомобилот е во режим на автономно возење.

Колку далеку сме од можноста за производство на целосно автономни автомобили на патиштата?

Ние целиме на 2020 година, но само на одредени пазари, најверојатно во некои градови каде автономното возење ќе направи вистинска промена за нашите клиенти. Нашиот проект Drive Me ќе има автономни автомобили на јавни патишта во лимитирана количина во 2017 година. Оттука постепено ќе го зголемуваме бројот на вакви автомобили.

Дали мислите дека луѓето се подготвени за ова?

Да. Ако набљудуваме што прават луѓето додека возат денес, тие се и повеќе од подготвени. Кога чекаат во долги колони, времето залудно поминува , а сите ние сакаме да го максимизираме времето што го имаме.

Како технологијата на Автопилотот IntelliSafe ќе ги револуционира патувањата?

Тоа ќе отвори нова димензија на сопственост на автомобилот – сега, исто така, ќе имате слободно време додека патувате.

Автомобилите отсекогаш биле симбол за слобода. Слобода да патуваш кога и каде сакаш. Истражување на возачкото искуство, луксузноста и возењето на твојот автомобил. Сега може да ја додадеме и димензијата време.