" "

Прогрес преку партнерство

Нашите партнери во Drive Me програмата ќе ни помогнат да им подобриме животите на сите. Автономните автомобили ќе претставуваат радикална промена во транспортот и соработката во нивниот развој е од суштинско значење да се осигура максимална корист како за поединецот, така и за општеството.

Менување на начинот како ги користиме патиштата: Шведска транспортна агенција

Шведската транспортна агенција ќе ни помогне со спроведување на автономните автомобили во животот на луѓето со истражувања како законите кои ги управуваат патиштата треба да се променат

Сообраќајните прописи и патните закони се базирани на истите принципи повеќе од 100 години. Тоа ќе треба да се промени со доаѓањето на самодвижечките автомобили и Drive Me е модел кој може да одреди како ова ќе се случи.

Ново средина за возење: Шведска транспортна администрација

Транспортната администрација на Шведска, Trafikverket, ќе ја користи уникатната позиција на Drive Me како прво, светско, вистинско, автономно возење и преку него ќе утврди како патиштата, инфраструктурата, менаџирањето на собраќајот и поврзување може цело да ги овозможат предностите на автономните автомобили. Нашата цел е да создадеме автономна технологија која ќе работи хармонично со сегашната инфраструктура на патиштата.

Градот на иднината: Гетебург

Гетебург е идеалната локација за Drive Me програмата и ќе игра значајна улога во развивање на автономните возила кои работите хармонично во нивното опкружување. Гетеборг е технички напреден град со стратегија за одржлив транспортен систем. Градот Гетеборг е посветен на Drive Me проектот и е дом на автомобилската индустрија, академски институции инфрастуктура кои може да ги овозможи ова.

Место за развој и учење: Lindholmen Science Park

Зближувајќи ги сите партнери заедно во опкружување создадено за креирање на нови идеи кои ќе помогнат за напредок на проектот Drive Me. Lindholmen Science Park го овозможува тоа. Тоа е национална база за истражувања поврзани со истражување и развој и ќе ја поддржи Drive Me програмата на различни нивоа, црпејќи ја експертизата од индустријата, академијата и заедницата.

Студија во автономно возење: Chalmers University за технологија

Chalmers University за технологија - академски партнер во Drive Me проектот – ќе ни помогне да ги воспоставиме придобивките на автономното возење во нашето општество. Партнерството ќе создаде истражување кое ќе го информира развојот на одржливото мобилно решение за иднината.

Создавање пионерска технологија: Autoliv

Технологија ги заснова Drive me и нивните соработници како светски лидери во развој и создавање на активен безбедносен систем, Autoliv, како темел во создавање на автономното автомобилство како можност. Вклучувањето на Autoliv значи дека заедно можеме да создаме побезбеден свет за самодвижечките автомобили и намалување на нивото на несреќи на нула.

Drive me e делумно финансиран од FFI – Стратешко истражување и иновација за возила.