" "

НАЈТЕШКИОТ ТЕСТ ОД СИТЕ - РЕАЛЕН ЖИВОТ

Како првиот вистински тест на автономни возила ќе работи

Го тестираме градот

За да се осигуриме дека нашата автономна технологија е оптимизирана за вистински сообраќај одбравме некои од најпопуларните патишта во Гетеборг за пробата на Drive Me. Тие се совршени за безбедно пробно возење во предградие, со просечна брзина од 70 км/ч, без пешаци и со многу простор помеѓу лентите.

Преземете контрола со автопилотот IntelliSafe

Како и кај секоја иновација на Volvo Cars, автопилотот IntelliSafe се употребува интуитивно. Дознајте колку лесно ќе биде да се избере помеѓу конвенционалното и автономното возење благодарение на Sensus, нашиот паметен начин да ве поврземе со вашиот автомобил и со светот.


Учење преку искуство

Со излегување на новата технологија од лабораторијата во реалниот свет, ќе најдеме решенија за прашањата кои бараат одговор.

Во автомобилите Drive Me

Возниот парк Drive Me ќе се состои од XC90 опремени со нашпата најнова самовозечка технологија - овие автомобили се најнапредните и наинтелигентните досега.