Како работи

Автономни автомобили на работа

Технологијата позади идните автономни автомобили на Volvo ни носи нова ера во патувањето. Само размислете за тоа колку ќе биде полесно и поедноставно патување со побезбедни и помалку оптеретени патишта. Вашето Volvo ќе знае точно каде е и што има пред него, со што ќе Ви овозможи да ја препуштите контролата над возењето

Побезбедно, попријатно патување

Развиваме автономна технологија која им овозможува на нашите автомобили да возат малклу сами, и да размислуваат наместо вас.

Побезбедно, попријатно патување

Развиваме автономна технологија која им овозможува на нашите автомобили да возат малклу сами, и да размислуваат наместо вас.

 

Нашата визија за 2020 е во согласност со побезбедно и поодржливо патување

Во Volvo Cars не прифаќаме да умираат 1,3 милиони луѓе годишно во светот во сообраќајни несреќи. Vision 2020 е наш начин да обезбедиме поодржлив личен транспорт. Тоа е клучниот елемент во нашиот план за одржливоста кој дава преглед на тоа како нашата компанија ги штити луѓето и светот околу нас, сега и во иднина.
Автономните автомобили ќе ги искорени човечките грешки, правејќи го возењето побезбедно за сите. Самовозечките автомобили ќе ги почитуваат сообраќајните закони и нема да постои можност за нерационално, емотивно однесување зад воланот. Потенцијалот за избегнување судири и спасување животи е огромен.

Кус поглед во иднината на возењето

Во Volvo веруваме дека автономното возење ќе им озвозможи на возачите да одберат како ќе го минат секој момент во автомобилот. За тоа се работи во Концептот 26 на Volvo Cars.

Прочитај повеќе