" "

Concept 26-времето е луксуз

Назад
HeritageNews TextHeader
Published 12:00 AM, November 18 2015

Volvo Concept 26 е нашата визија за како автономната технологија може да ја измени внатрешноста на автомобило и трансформира патувањето во луксузно доживување.

Откриен во 2015 година во Лос Анџелес на Auto Show, Concept 26 е именуван по должината на времето што возачите поминуваат, во просек на нивните секојдневни патувања. Истражувањата на Volvo Cars укажуваат на тоа дека, за многу луѓе, патувањето до и од работа и патувањата на долги релации на автопат се времињата кога тие најмногу би сакале да го делегираат возењето на автономниот автомобил.

Concept 26 е развиен за да покаже како внатрешноста на самвовозечкото Volvo може да дозволи ова време да биде потрошени на корисен начин. Исто така покажува како автономната технологија ќе создаде нов вид на луксузно искуство.

Робин Пејџ, потпретседател на внатрешен дизајн на Volvo Cars, рече: "Тоа е за сите луѓе. Нашето истражување покажува дека дека некои луѓе сакаат да го искористат времето на патувањето креативно кога имаат на располагање полно автономно возење, додека другите ќе сакаат само да седат назад и да се релаксираат, да гледаат филмови или слушаат музика онлајн. Автономното возење ќе го направи можно сето ова. Тоа е она што го нуди Concept 26 преку осмислувањето на целото искуство во автомобилот.lt;/p>

Врз основа на истата платформа на скалабилни архитектура на производот (SPA) која се заснова на новиот XC90, C26 има радикална внатрешност која го комбинира убавиот скандинавски дизајн со најсовремената технологија.

C26

Основата е патентиран дизајн на седишта кои активно го држат возачот за максимална удобност без разлика дали вози или врши други работи. Кога возачот ќе одлучи да го делегира возето на автомобилот, управувачот може да се повлече и седиштето да се навали за да се направи поголемиот дел од просторот на располагање. А со можноста за масата на преклопување се обезбедува дополнителен простор за работа или забава, додека 25-инчен екран се завртува од совозачката страна на контролната табла за да може да се добие забава и информации.

Concept 26 нуди три начини за да се оптимизира внатрешноста во согласност со функционалните потреби на возачот: Drive, Create и Relax.

Режимот Drive го минимизира одвлекување на вниманието кога автомобилот е управуван рачно обезбедувајќи убаво возачко искуство. Create режимот овозможува седиштето, масата и дисплеј екранот да се конфигурира во различни начини за поддршка на работата или рекреативните активности. Во режимот Relax седиштето добива навалена позиција овозможувајќи му на возачот да седи назад и да ужива во возењето.

Concept 26 го нагласува огромниот потенцијал кој автономната технологија го има за да се подобри животот на луѓето, како и статусот на Volvo Cars како пионер во оваа област. Д-р Петар Мертенс, сениор заменик претседател за истражување и развој во Volvo Car Group, рече: "Ние отидовме далеку за да ги разбереме предизвиците и можностите кои автономните возила ќе им ги донесат на луѓето во текот на следните години, а нашиот флексибилен пристап за инженеринг и дизајн, овозможено од страна на нашата нова Архитектура на скалабилен производ значи дека лесно може да го донесеме овој концептот во реалноста. " 

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ