" "

Нови закони за сонот за самовозечки автомобили да стане реалност

Назад
HeritageNews TextHeader
Published 12:00 AM, April 5 2016

Нови закони за самовозечките автомобили да станат реалност

Volvo Cars дојде поблиску до исполнување на сонот на самовозечки автомобили кои го прават патувањето посигурно и полесно со објавувањето на нови закони кои ќе му дадат наDrive Me зелено светло за тестирање.

Предложената легислатива треба да стапи на сила од 1 мај 2017 година. Овозможува Volvo да ја постави првата серија на автомобили во тестот Drive me со вистински клиенти зад воланот на патиштата во 2017 година. Вкупно повеќе од 100 автомобили кои постепено ќе се развиваат до самовозечки автомобили без надзор, ќе се користат во текот на тестот кој ќе заврши во 2019 година.

Тековните шведски закони дозволуваат Volvo Cars да спроведе ограничен број на прототип автономни возила за тестирање на јавните патишта. Предложениот нов закон ќе им овозможи на автомобилите да бидат тестирани во голем број користејќи обични возачи за да се осигура дека самовозечките автомобили може да обезбедат максимална корист за поединците и општеството во целина

Андерс Југенсон, директор на Владини работи на Volvo Cars, рече: "Вие може да ги тестирате прототип возилата кои што ги користат инженерите под посебни договори, но за тестот Drive Me ние ќе се обидеме да ги вклучиме не само инженерите на Volvo, туку и обичките клиенти."

&"Ние сме оптимисти за оваа владина иницијатива која ќе го овозможи тестирањето во Шведска". Тоа е вистински чекор кон развивање на целосно автономни автомобили кои ќе излезат на пазарот и ќе се подобри безбедноста во сообраќајот и ќе им го врати времето на луѓето.

&"Во рамките на проектот Drive Me ние работиме заедно со академските институции, приватниот и јавниот сектор со цел да се направи реалност автономното возење. Ние соработуваме, разговараме за проблемите, придобивките и правните предизвици. Ова ќе го промени општеството. "

Според предложената легислатива, Шведската агенција за транспорт би го надгледувала тестот на самовозечките возила и ќе издава дозволи на одобрени организации за тестирање кои ќе бидат потребни за да се усогласат строгите прописи.

Тоа што е важно, организацијата за тестирања, не возачот на возилото, ќе биде правно одговорна во случај на несреќа ако возилото е во целосно автономен режим.