Самоуправувачки автомобили и вредноста на времетоe

Назад
HeritageNews TextHeader
Published 12:00 AM, May 16 2016

Роберт Бростром, сениор технички лидер за искуство на корисници

Роберт Бростром, сениор технички лидер за искуство на корисници во Volvo Cars, зборува за тоа како самовозечките автомобили ќе го редефинираат односот меѓу луѓето и автомобилите.

Што мислите која ќе биде најголемата промена во однесувањето на човекот во самостојно управуван автомобил?
&"Возачите дефинитивно ќе почнат да прават работи што не може да се прават во автомобил денес. Врз основа на нашите рани испитувања и набљудувања, возачите почнуваат да го користат своето време за други активности, веднаш штом ќе почувствуваат дека автономниот автомобил вози добро и може да му се верува. Луѓето ги прават нештата што би сакале да ги прават кога се вози рачно, но е премногу ризично, како што е испраќање на текстуални пораки или планирање дневни активности. "

Можете ли да го користите дизајнот за да ги охрабрите луѓето навистина да се релаксираат во автономен автомобил?
&"Concept 26 – нашата визија за тоа како може да изгледа внатрешноста на самовозечките автомобили на иднината е добар пример за тоа како автомобилските ентериери можат да се променат. Тоа е еден начин за одење напред."

&"Овој вид на изглед ќе бара различни начини на интеракција со автомобилот, се разбира. Кога возачот е наведнат тоа би можело да значи дека контрола со гласот или некој вид на далечински управувач е погоден за контрола на функциите. Исто така може да биде потребен поголем и повисок позиционирани екран. Има, меѓутоа, голем број на предизвици кои треба да се решат - безбедноста, на пример, кога станува збор за обликување на ентериерот со исполувањето на барањата на возачот во самовозечки автомобил.";

Како сте сигурни дека луѓето им веруваат на автомобилите доволно за целосно да уживаат од придобивките од самостојно управуван систем?
&"Луѓето мора да се сигурни дека го разбираат она што го прави автомобилот. Да се биде релаксиран во суштина сте патник во возачкото седиште на автономниот автомобил. Потребно е да се има доверба во начинот на кој автомобилот делува во различни сообраќајни ситуации. "

&"Ние веруваме дека холистичкиот дизајн пристап кој транспарентно ги објаснува активностите на автомобилот ќе ја зголеми довербата. Ова може да се направи со комбинирање на информации во автомобилот и неговото однесување при возењето. Клучот е во тоа што повратните информации кои возачот ги добива од автомобилот се јасни и интуитивни - без разлика дали тоа е преку визуелни и аудио информации, преку тактилни дразби, или во начинот на којшто вози автомобилот. "

"На пример, автомобилот може да прикаже информации за тоа што ќе детектира со своите сензори, и може да го информира возачот за неговите намери како промена на лента или претекнување други возила. Автомобилот исто така може да комуницира со возачот преку суптилни промени во начинот на кој сопира или скршнува. Се е поврзано со комуникацијата. Ова е важна област за учење за проектот Drive Me каде што ги тестираме автономните автомобили во вистински сообраќај со вистински клиенти.";

Колку е важен преминот помеѓу возачот и автомобилот кој вози?
&"Ова е навистина важен дел од искуството во автономен автомобил. Не смее да "има конфузија " за тоа каде што возачот смета дека автомобилот е во контрола и автомобилот смета дека возачот има контрола. Ова е причината зошто моите колеги и јас се вложивме многу напор да обезбедиме дека интеракцијата помеѓу автомобил и возач е најдобра што може."

& "Кога се користи систем за поддршка на возачот денес возачот е секогаш одговорен и треба постојано да ги следи маневрите на возење. Ова ќе се промени кога возилото ќе биде способно за возење во целосно автономен режим, па затоа е важно јасно да се разликува кој е задолжен за возењето."

&"Со проектот DriveMe ние ќе оцениме решение каде што возачот притиска двете копчиња на воланот за активирање и деактивирање на IntelliSafe авто-пилот. Автомобилот јасно ќе го информира возачот кога е време за него / неа да ја преземе одговорноста. Овој начин на активирање и деактивирање значително се разликува од интеракцијата со други системи за поддршка на возачот."

Дали автономното возење ќе ја промени динамиката на патувањето со дозволување на повеќе интеракција помеѓу оние во предниот и задниот дел на автомобилот?
&"Ние го испитуваме тоа преку нашето истражување. Поради безбедносни причини можеби нема да биде можно да се свртат предните седишта, но кога возачот веќе нема да мора да биде концентриран на патот може да има и други начини на интеракција со луѓето на задните седишта."

&"Можеби екранот во предниот дел на автомобилот може да се користи за да им се покаже снимка во живо на оние кои се во задните седишта. Видео повик внатре во автомобилот. Ова може да биде поудобно решение отколку можноста да се вртат седиштата. Ние испитувавме многу различни начини на кои луѓето можат да се дружат, да бидат продуктивни и да се забавуваат додека се самостојно управувани."

Што мислите кои се најголемите заблуди за автономните автомобили?
Мислам дека една од најчестите заблуди е дека автономните автомобили се подготвени за јавни патишта веднаш. Точно е дека технологијата е многу напредната, но во моментов возачот се уште треба да ги следи сите команди. Има толку многу други аспекти кои треба да се средат пред самовозечките автомобили да дојдат до производство и тоа е она на што ние работиме за сега. Нашиот проект Drive Me ќе ни даде клучни податоци во рамките на оваа област од 100 вистински корисници на јавните патишта околу Гетеборг..

Која мислите дека ќе биде најизненадувачката корист на автономното возење?
"Разбирање на вредноста на времето. Очигледно е дека некое од тоа време луѓето го поминуваат во автомобили и не го уживаат. Да се биде во можност да го оставите автомобилот да мисли и да го користите тоа време за нешто друго ќе биде откровение, според мене."

&"Возењето на автономен автомобил има потенцијал да биде многу релаксирачки, исто така. Ние зборуваме за можноста да се дружиме, да работиме и да се забавуваме, но исто така ќе имате можност да не правите ништо без да мора да се концентрирате на возењето. Времето кое го минувате во вашиот автомобил може да биде време за себе. Ќе биде супер да може да одберето што сакате да правите."

&"Во проектот Drive me ние ќе им дозволиме на вистинските клиенти да ги тестираат автономните автомобили на долги временски периоди, што ќе ни даде можност одблиску да набљудува како очекувањата на клиентите се поврзани со нивните вистински искуства. Ова ќе ни помогне да разбереме кои дизајн карактеристики се најважни за нив. Важна цел е да разбереме како клиентите го вреднуваат автономното возење и да се направиме што е можно подобро. Подготвеноста за активирање на автономна функција се почесто е од централно значење за постигнување на бенефициите за безбедност на коишто целиме."