Volvo Cars на најголемото светско шоу за мобилна технологија

Назад
HeritageNews TextHeader
Published 12:00 AM, March 29 2016

Волво ја покажува автономната технологија на MWC 2016

Зошто Volvo Cars присуствува на Светскиот конгрес за мобилна технологија (MWC)?

Настани како MWC се совршена платформа за да ги покажеме нашите најнови иновации. Ние сме првите што се занимаваат со поврзани автомобили и технологија за автономно возење (АД) и овие настани ни овозможуваат да покажеме како автомобилот стана повеќе од едноставно превозно средство и како можеме да понудиме нови услуги и решенија за мобилност. Всушност, заедно со нашиот технолошки партнер Ericsson веќе 5-ти пат присуствувавме на MWC.

Кои беа клучните иновации на екранот на MWC?
Главната иновација беше технологијата Телефонот како Клуч која ви овозможува да користите апликацијата на телефонот како дигитално копче за пристап и да споделите различни автомобили Volvo на многу лесен начин.

, исто така, ги претставивме најновите карактеристики Sensus инфозабава како што се новите нашата интегрирана Spotify апликација која ви овозможува да пуштате музиката во вашето Volvo без паметен телефон.

Ние го истакнавме нашиот напредокот во полу-автономното возење со најновата генерација на Pilot Assist и покажавме како клиентите ќе бидат во можност да уживаат во стриминг комуникации во Volvo способни за целосно автономно возење со Concept 26.

Што е технологијата Телефонот како Клуч?

Телефонот како клуч е првото решение во светот кое им овозможува на нашите клиенти да ги заклучуваат, отклучуваат и да ги стартуаваат нивните Volvo со паметниот телефон користејќи Bluetooth технологија.

Клиентите сега може да пристапите во автомобил преку "дигитален клуч" од апликацијата. Интересниот дел е како оваа нова технологија може да го промени начинот на кој ние го делиме автомобилоѕ. Volvo возачите ќе можат да го споделат својот клуч со другите, па ќе биде лесно да се даде пристап на семејството, пријателите или колегите. Или ако може да резервирате рент а кар било каде во светот, да се примите дигитален клуч и потоа едноставно да го лоцирате автомобилот, да го отворите и да возите.

Како се однесува телефонот како клуч во автономната технологија на возење?
Ние се движиме кон една нова ера кадешто технологијата како што се дигиталниte клуч и автономните способности за возење имаат потенцијал да го трансформираат целиот концепт на мобилност.

Се разбира, ние навистина не знаеме како иднината на возење ќе изгледа, но можноста да се добие пристап до самовозечки автомобили без физички клуч нема само да го направи пристапот до мобилност полесен, туку исто така создадава нови модели на сопственост. Исто така оваа технологија може да стане само уште еден дел од мозаикот во начинот на којшто ќе биде планирана иднината на градовите и ќе се користи урбаниот простор.

Како овој нов концепт на технологија беше прифатен страна на јавноста?

Интересот за нашите телефон како клуч- технологија е огромен. Беше пишувано за тоа во водечките медиуми, вклучувајќи CNBC, ББС, СНН, Mashable, The Verge, Engadget или Huffington Post, ако споменуваме само неколку.

Како Concept 26 се однесува на мобилната технологија?

Оваа година слоганот на MWC бешр „Мобилноста е сè" и Concept 26 е визија за нов тип на мобилност. Тоа покажува колку Volvo Cars го истражува начинот на кој автомобилите со автономна способност за возење ќе ја вратат слободата на патувањето со автомобил овозможувајќи им на возачите да изберат како да го потрошат секој момент од своето патување. АД технологијата ќе им понуди нов начин за мобилност и да се биде продуктивни или да се забавува во автомобилот.

Како беше Concept 26 прикажан на настанот?
Заедно со прототипот на Concept 26 кој покажува како може да се замисли внатрешноста на целосно автономниот Volvo, покажавме филм за начинот на којшто таков автомобил би можел да обезбеди сигурна поврзаност и нов начин на конристење на медиумите

Во зависност од тоа кој пат ќе го изберете во самовозечкиот режим за целосно автономно возење одредено време ќе биде достапно за да може да се прави нешто друго освен возењето. Тоа значи дека ќе бидеме во можност да ви понудиме наменски медиум пакети кои совршено одговараат на вашето патување.

Што друго беше на екранот?
Ние, исто така, укажавме на најновата верзија на Pilot Assist, нашata полу-автономна карактеристика која ве поддржува додека возите. Достапна во новиот S90, V90 и XC90 модел- година 2017, втората генерација на Pilot Assist сега функционира со брзина до 130kmh, без потреба да гo следите возилото пред вас.

Нашата порака бешр дека ние веќе го правиме возењето попријатно со полу-автономна поддршка и решенија за голема инфозабавност, и дека во иднина ќе продолжиме да бидеме лидери нудејќи автомобили опремени за најдобро медиумско искуство во автомобилот.

Колку ви е важна соработката со другите технолошки компании како Ериксон?

Соработката со силни партнери надвор од традиционалниот автомобилски свет е многу важна за нас. Не само што може да научиме од компании како Ериксон и нивната стручност со вмреженото општество, туку со здружени сили ние исто така може да отвориме нови услуги, а со тоа нова вредност за нашите клиенти.

Што кажа MWC 2016 за иднината на автомобилите?

Во минатото вашата интеракција со автомобилски бренд започнуваше кога ќе ја отворевте вратата на автомобилот и ја заприраше кога ќе ја затворевте. Денес автомобилскиот бренд ќе стане се повеќе и повеќе дел од вашиот живот.

Автомобилот станува дел од "Internet of Things" - еден свет каде што секој е дигитално поврзан. Ова нуди големи можности за човечко-центричен бренд како нашиот за да носиме иновации и да создадеме нови понуди и услуги со што нашите клиенти ќе живеат полесно, поудобно и позабавно.