Volvo Cars одговорни за дејствата на самовозечките автомобили

Назад
HeritageNews TextHeader
Published 12:00 AM, October 19 2015

Volvo Cars ќе прифати целосна одговорност за постапките на своите автономни автомобили, кога се во автоматски режим, што го прави еден од првите производители да го заземат овој важен чекор напред во развојот на самовозечките автомобили.

Претседателот и извршен директор Хакан Самуелсон даде коментар како дел од говорот во кој ги повика законодавците, владите и производителите на автомобили да работат заеднои поблиску за да ги направат самовозечките автомобили реалност. Со преземање на на одговорноста Volvo се надева дека ќе го забрза создавањето на владини упатства кои ќе го контролираат тестирањето и развојот на автономни автомобили.

Без овие упатства, земји како САД би можеле да ја загубат предноста во развојот на автономното возење.

&"САД ризикува да ја изгуби својата водечка позиција заради недостаток на федерални насоки за тестирање и сертифицирање на автономни возила", рече г-дин Самуелсон. "Европа страдаше до одреден степен со еден колаж на правила и прописи. Ќе биде срамота ако САД оди по сличен пат како Европа во оваа клучна област. "

Г-дин Самуелсон изјави дека отсуството на национален Сојузен надзор во САД може да го забави развојот и воведувањето на самовозечки автомобили со тоа што им отежнуваат на производителите на автомобили да тестираат, развиваат и продаваат самовозечки автомобили.

"Отсуството на комплет правила значи дека производителите на автомобили не можат да спроведат веродостојни тестови за да создадат автомобили кои ги исполнуваат сите различни насоки во сите 50 држави во САД", рече тој. "Ако сакаме да обезбедиме непречена транзиција на автономна мобилност, мора заедно да ја создадеме потребната рамка која ќе го поддржи ова."

Посветеноста на Volvo Cars да се забрза воведувањето на автономно возење доби поддршка од Националната администрација за безбедност на сообраќајот на САД (NHTSA). "Ако технолошките иновации може да ја намалат смртноста на американските патишта, не само што сме за тоа, туку сме за тоа веднаш ", изјави администраторот на NHTSA Марк Роузкајнд

Погледнете го видеото