Sensus

Лесно

Забавно

Поврзани

Sensus е нашиот начин да ве поврземе со вашето Волво и со светот околу вас без мака. Иновациите на Сензус вклучуваат интуитивен интерфејс со кој котролирате, аудиосистеми и апликации за забава и поврзаност која ве држи во тек каде и да сте. Сензус има едноставна цел: да ви го направи животот полесен и позабавен.

Поврзано, пријатно искуство

"Sensus Connect е избор на карактеристики кои го збогатуваат доживувањето во вашето Волво со премиум аудиосистеми, подобра медиумска поврзаност и функционалност."

Нов начин на поврзување

Автомобилот лесно го контролирате со зборување со говорна контрола преку апликациите Microsoft Band 2 и Volvo On Call . Едноставно изговорете ги наредбите и вашето Волво ќе извршува задачи по ваше барање, како што е поставување навигација , вклучување грејач или заклучување врати. И ако не го наоѓате вашето Волво во полно паркиралиште, само побарајте да ги вклучи трепкачите или сирената.