ТВОЈ ЖИВОТ, ТВОЕ ВОЗИЛО. ПОВРЗАНИ

Поврзаната автомобилска технологија ни овозможува да ви понудиме нови функции и услуги кои заштедуваат време, ве забавуваат и ве поврзуваат, без оглед на тоа дали сте во автомобилот или не. Иновациите како што е апликацијата On Call на Volvo, услуги преку обработка во облак (cloud-based services) и способноста да го контролирате автомобилот преку вашиот телефон или смартвоч (паметен часовник) се интуитивни и ви даваат подобро секојдневно искуство.

Вашиот телефон е клуч

Ви го олеснуваме пристапот до вашето Волво со користење на вашиот телефон наместо клуч. Технологијата на дигитален клуч ќе ви овозможи да го отворите и запалите автомобилот со вашиот телефон, споделете клуч со пријателите, семејството и колегите и користете ги услугите за споделување на автомобилот каде и да сте. Volvo во моментов ја тетсира оваа технологија која се базира на Блутут во Шведска и планира да биде првиот производител на автомобили што ќе им ја понуди на клиентите во специјално издание на автомобилот, во 2017.


Елегантни решенија кои Ве ставаат во контрола