SENSUS

ДОЗВОЛЕТЕ НИ ДА ВЕ ЗАБАВУВАМЕ

"Sensus ви отвора цел свет на информации, забава и поврзаност што го прави забавно патувањето. Знаеме дека сакате да ја слушате омилената музика, да бидете во тек и да го понесете со вас вашиот дигитален свет. Sensus го овозможува ова и многу повеќе.".

Вашата омилена музика, каде и да сте

Нашата интегрирана апликација Spotify ви овозможува да уживате во музиката во вашето Волво без да се поврзете со телефонот. Добивате непрекинато доживување со подобрена функција за пребарување и патниците можат да ги користат своите мобилни телефони за далечинска контрола. Volvo е првиот автомобилски бренд кој ја нуди оваа интегрирана услуга глобално, во сите свои нови автомобили.

Поврзано, пријатно искуство

Sensus Connect е избор на карактеристики кои го збогатуваат доживувањето во вашето Волво со премиум аудиосистеми, подобра медиумска поврзаност и функционалност.

Apple CarPlay

Apple CarPlay е паметен начин да го користите вашиот Ајфон во вашето Волво, ви овозможува да примате повици, да гледате мапи, да одбирате музика и да користите апликации преку централниот диплеј и воланот на вашето Волво. Помага и говорната контрола која може да испраќа, чита и одговара на текстуални пораки наместо вас. Само треба да го поврзете вашиот телефон на УСБ портот во вашата кола.

Првокласен звук од Bowers & Wilkins

На кое седиште и да седите, нашиот аудиосистем Premium Sound на Bowers & Wilkins ви овозможува да ја слушате омилената музика оригинално. Развиен од светски познатиот аудиобренд Bowers & Wilkins , ова е еден од најдобрите автомобилски аудиосистеми во светот. Со 19 звучници и уникатен звучник со воздушна ветилација вграден во автомобилот, дава кристално чист и моќен звук.