SENSUS

ЖИВОТ НАПРАВЕН ЛЕСЕН

Лесна технологија

Централниот екран од 23 см (9 инчи) со допир којшто го има во нашата нова генерација на автомобили е убав за гледање и едноставен за употреба. Го изменивме конвенционалниот екран, нашиот е поголем од повеќето, со портретен формат кој особено го олеснува пребарувањето мапи и следењето инструкции преку сателитска навигација. Блескавиот црн екран оживува од вашиот допир и има логичен и интуитивен изглед. Реагира толку добро што можете да го користите и со ракавици, додека неблескавата површината го намалува напрегањето на очите.

Вие сте во контрола, природно