" "

Живеј попаметно преку споделување

Вашиот автомобил и cloud-от работат заедно 

Дозволете вашето Волво самото да си закаже сервисирање

Со размена на податоци преку обработка во облак, вашиот автомобил знае кога има сервисирање, предлага состаноци, па дури и ви закажува кај вашиот дилер на Volvo. Закажувањето сервисирање преку конекција ја олеснува грижата за вашето Волво.

Побезбедни патишта за сите

Нашата програма- пилот за безбедно конектирање Connected Safety, споделува информации преку обработка во облак со цел да се намали бројот на сообраќајки. Овие автомобили имаат предупредување за лизгав пат за детекција на смрзнати патишта и ги предупредуваат возачите и сообраќајната полиција на опасноста. Исто така има и функција за предупредување со светла за опасност која предупредува доколку има друго возило во околината со вклучени светла за опасност.