Знаењето е клуч за најбезбедните возила

Побезбедни автомобили преку учење

Во Volvo Cars секогаш тежнееме кон создавање најбезбедни автомобили. Тоа го правиме учејќи од животот, технологијата и од нас самите..

Животниот циклус

Користиме податоци од вистиски судири, ригорозни истражувања и тестирања за да ги направиме нашите автомобили уште побезбедни. Секој нов автомобил е направен врз основа на знаењата добиени од неговите предци - ова го нарекуваме процес на постојано дотерување и поправање на Животниот циклус.

Крстарење кон нула

Томас Броберг, директор за безбедносни стратегии во Volvo Cars, објаснува како работиме nа Vision 2020.

Jan Ivarsson - Технички советник за безбедност

Vision 2020 е начин на размислување и работа. Тој е како мантра на компанијата.

Read more

Локална соработка за глобална визија

Изработката на најбезбедните автомобили во светот не е доволна да се постигне Vision 2020 - соработуваме при планирањето на побезбедни патишта и сообраќајна инфраструктура која исто така ќе спасува животи. Работејќи со Шведската транспортна администрација во нашата земја, создадовме модел за глобална соработка меѓу производителите на автомобили и транспортните власти.

Се отвораат вратите кон Безбедносниот центар на Volvo Cars

Секое ново Волво во дава неверојатен стандард на заштита, благодарение на пионерската работа на нашиот Центар за безбедност. Тука изведуваме над 300 тестирања на судири годишно и уште илјадници преку компјутерска симулација.


AstaZero – нов свет на безбедноста

Volvo Cars се партнери со AstaZero, првиот светски центар за тестирање со широки размери кој симулира сценарио од вистински сообраќај. Овој капцитет е оптворен во 2014 - може да создаде огромен број ситуации од вистинскиот сообраќај и е идеално место за усогласување на нашите технологии IntelliSafe. Ќе одигра клучна улога помагајќи ни да ја оствариме Vision 2020.