“Vision 2020 ја покажува насоката на иднината”

Jan Ivarsson, Постар Технички Советник за Безбедност во Volvo Cars, зборува за интелигенцијата позади Vision 2020 и акциите кои ќе го претворат во реалност.

Дали прогресот за Vision 2020 е во тек со распоредот и како го мерите?
Користиме национални податоци за да го разбереме прогресот на нашите автомобили во поглед на сериозни повреди. Ако погледнеме во тие податоци, ние сме на вистинскиот пат кон нула сериозни и фатални повреди до 2020 година. Во 2014 година го лансиравме новото XC90 и тој автомобил ќе ни помогне на патот кон тоа.
Дали имате податоци за сите држави?
Користиме кориснички податоци од Volvo во комбинација со Шведските национални податоци како основа и ги дополнуваме со податоци од други држави. На пример, имаме податоци од Германија, Велика Британија и Соединетите Американски Држави. 

Темелното знаење ни доаѓа од нашата датабаза во Volvo Шведска. Ние собиравме податоци во последните 45 години, која содржи информации потребни за да се разберат причините за судир и што се случува со автомобилот и патниците во него, пред и за време на сообраќајната несреќа.
Колкава разлика ќе направат новите модели на Volvo Cars кои користат Scalable Product Architecture(SPA) во постигнувањето на оваа цел?
Scalable Product Architecture нуди подобрување во сите сфери, вклучувајќи заштита на луѓето кои се во автомобилот, како и избегнување на судир. 

Во однос на заштитна безбедност, го подобривме безбедносниот кафез за 40% со употреба на челик со висока цврстина. Новата предна архитектура има подобрена апсорбција на енергија и штити при повеќето ситуации на судар. Исто така, има нова генерација на напредни безбедносни појаси кои работат подобро не само во случај на судар на пат, туку и кога автомобилот ненадејно ќе излезе од патот и ќе се најде на нерамен пат. Овие нови појаси се повлекуваат автоматски за поефикасно да ги заштитат луѓето на предните седишта.

Се разбира, го направивме наредниот чекор кон избегнување на судир. Поставивме радар камера која е позиционирана на ветробранското стакло и која е фундаментална за низа функционалности за XC90 и за претстојните автомобили. 
Колкава улога игра различната безбедносна технологија во процесот на остварување на Vision 2020? Дали активната технологија, како авто-кочење и избегнување на судар, прави голема разлика во споредба со пасивната технологија, како воздушни перничиња и безбедносни појаси?
Заштитната безбедност е столбот на безбедносните перформанси на нашите автомобили. Ние имаме долга традиција во користење на знаењето од вистински случки на судар во подобрување на безбедноста на нашите автомобили. Сега употребуваме повеќе и повеќе од нашата експертиза во избегнување на судири. 

Со поставување на радар камерата во автомобилот можеме да креираме поефикасни безбедносни решенија во наредните години. Ова е многу голема инвестиција – висока технологија која ќе биде од корист за сите наши наредни модели.

Нашиот развој е насочен кон избегнување на судари и активна безбедност, но е изграден на солидна основа од заштитна, пасивна безбедност во нашите автомобили.
Колку е тешко да се направи помал автомобил како V40 да биде сигурен како поголемите?
Традиционално, ако споредите помал со поголем автомобил, ќе најдете разлика во тежината. Исто така, имате помалку простор во внатрешноста, што го прави поголем предизвикот и помалку растојание за деформација во надворешноста за апсорбција на енергија. 

Со користење на активна безбедност може да се работи околу овој проблем – големината и тежината ќе бидат помалку важни во иднина. Како што развиваме нови функции и сензори за поголемите автомобили, овие компоненти ќе се стандардизираат и ќе се филтрираат низ помалите автомобили, за да им се даде истото ниво на безбедност.
Кои се најголемите предизвици со кои се соочувате во остварувањето на Vision 2020?
Моментално е анализирањето на големиот број податоци кои треба да ги земеме во предвид. Ние не го решаваме само проблемот со сударите, туку и тоа што се случува пред сударот за да може да разбереме што е тоа што ги предизвикува.

Како што напредуваме, така имаме потреба од развој на висока технологија за сензорите кои прибираат информации за системот. Тие треба постојано да работат, без оглед на тоа што се случува внатре или надвор од автомобилот. Направивме многу важен чекор со XC90, но во иднина потребни ни се повеќе и подобри сензори.
Колкав придонес ќе има технологијата на автономните и полу-автономните автомобили врз Vision 2020? 
Тоа е суштински дел од нашата иднина. Започнуваме со помалку комплексни ситуации и ќе се движиме кон избегнување на високо ризичните сценарија. Напредната технологија која ја развиваме со автономното возење ќе биде важен дел од Vision 2020.
Колку Volvo Cars имаат научено за тоа што ги предизвикува сообраќајните несреќи во развојот на Vision 2020 – дали постојат несреќи кои се особено чести или штетни?
Најчести сообраќајни несреќи се оние кои се случуваат во сообраќајни метежи. Најтешки се оние кога автомобилот ќе излета од патот, на раскрсници и директни судири. 
И Volvo Cars во последните неколку години се сконцентрираа токму на овие со вклучување на заштита од излетување од пат и технологија за кочење на раскрсници…
Да. Покриваме низа сценарија кои се важни. Во иднина ќе имаме функции кои ќе адресираат важни области како детекција на лизгави патишта и поголемо следење на однесувањето на возачот за да се предвидат и избегнат судири.  
Ниту еден друг автомобилски бренд не се обидел да направи нешто слично на Vision 2020 - што мислите Вие за тоа?
Оваа визија за безбедност е базирана на посветеноста на Volvo Cars кон безбедност. Ние знаеме дека нашите клиенти очекуваат најдобри перформанси и најиновативна понуда за безбедност на пазарот. Со нашата единствена листа на податоци за потрошувачите и инженерска експертиза, ние сме во можност да ја реализираме визијата. 
Голем дел од технологијата во најновите Volvo модели, или слична технологија, е достапна и кај други автомобили. Што е тоа што ги прави Volvo Cars уникатни во начинот на кој ѝ пристапуваат на безбедноста?
Знаењето кое го имаме за реални сообраќајни несреќи и нивните предизвикувачи, како и луѓето кои се во автомобилот, се во фокус на анализата. Технологијата мора да соодветствува на возачот и на останатите патници во автомобилот. Мора да бидеме фокусирани кон тоа за да бидеме пионери во безбедност. 
Што би им кажале на оние кои мислат дека Vision 2020 е невозможна мисија?
Vision 2020 е начин на размислување и работење. Тоа е нашата визија за иднината. Сите кои се вклучени во процесот, разбираат што е она што се обидуваме да го направиме. Тоа е еден вид мантра во Volvo Cars, вклучувајќи ги сите кои работат во еден правец