CITY SAFETY И PILOT ASSIST

ВАШИОТ АНГЕЛ ЧУВАР

Инженерите на Volvo Cars, Andreas Lindberg и Fredrik Lundholm објаснуваат како City Safety и Pilot Assist технологијата можат да Ви го олеснат животот и да ве заштитат.

"City Safety системот е технологија која Ви помага да избегнете опасност од судар," вели Andreas Lindberg, инженер во одделението за избегнување судари во Volvo Cars.

Новата генерација на City Safety системот во Volvo XC60 користи напреден систем на радари и технологија со камери како би открил потенцијални опасности како други возила, пешаци, велосипедисти и големи животни пред Вас. Тој ве предупредува и може дури и да закочи наместо Вас, како Би ви помогнал да избегнете судар или да го ублажите ударот кога нема да изреагирате на време.

Volvo Cars City Safety технологијата може да Ви помогне да избегнете автомобил кој надоаѓа.

"Делува како последна опција, а секогаш можете да ја надвладеете," вели Andreas. "Дури и ако само еднаш во животот ја употребите оваа функција, верувајте, ќе ви биде драго што ја имате бидејќи може да направи огромна разлика."



"Додадовме и поддршка при возењето на нашата BLIS, Blind Spot Information технологија, за овој автомобил", вели Andreas.

Blind Spot Information технологијата Ви дава визуелно предупредување на ретровизорот кога Ви се приближува некое возило во соседната лента. Ако покажете дека сакате да се престроите во таа лента, светлечкото предупредување почнува да трепка.

Ако делувате спротивно на предуредувањето и автомобилот продолжи да се престројува во лентата во која се приближува друго возило, новата функција за поддршка при возењето нежно го усмерува Вашиот автомобил назад во првобитната лента за да избегне судар.
Pilot Assist технологијата во новото Volvo XC60  го прави полесно возењето во густ сообраќај. Таа Ви помага да го одржувате автомобилот на одредена дистанца од возилата пред Вас и користи помали управувачки инпути кои ќе Ви помогнат да го задржите автомобилот во лентата.

"Овие работи не бараат голем напор поединечно, но се многу напорни на подолги патувања бидејќи го окупираат Вашето потсвесно размислување", вели Fredrik Lundholm, инженер за Pilot Assist во Volvo Cars.

Истражете го Volvo XC60