CLEANZONE

ВДИШЕТЕ ШВЕДСКИ ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ

Во Шведска, чистиот воздух е начин на живот, а не луксуз, објаснува Anders Löfvendahl од Volvo Cars.

"Растењето во Шведска нè навикнува на чист воздух, па кога ќе дојдете во град кој има проблем со загаден воздух почнувате да го цените времето поминато во шведските шуми," вели Anders Löfvendahl, Инженер за квалитет на воздухот во Volvo Cars.

Anders е многу страсен по прашањето за квалитетот на воздухот. Шведска е позната по чистиот воздух, а неговата работа, која се базира на проблемот со загадениот воздух и како да се бориме против него, го научила да го разбере ефектот на чистиот и здрав воздух врз телото и умот.
"Сакам да трчам, а кога воздухот околу мене е чист, се чувствувам како да не постои ништо што може да ме спречи," вели Anders. "Неодамна бев во голем град и не ни помислив на трчање надвор, бидејќи навистина можете да почувствувате дека не е добро за вас да бидете изложени на такво окружување. Не сакам да ги внесувам сите тие штетни честички во моите бели дробови."

Отстранувањето на тие ситни, штетни честички е главна окупација на Löfvendahla. Неговата работа на CleanZone системот се базира на подобрување на општата состојба на воздухот на секое патување. Дури и ако тоа патување е во загушен, загаден град.
"Колку е помала честичката, толку е поштетна за здравјето," истакнува Anders. "Минатата година го тестиравме квалитетот на воздухот во земјите кои се борат со проблемот со загаденост на воздухот. Го измеривме нивото на честички надвор и внатре во автомобилот. Мерачот беше поставен на надворешноста на автомобилот, но кога беше мерена состојбата во внатрешноста, благодарејќи на системот за квалитет на воздухот, честичките паднаа на многу ниско ниво. Тоа беше многу импресивно."
Во срцето на CleanZone системот е Volvo системот за квалитет на внатрешниот воздух, кој има сензор за мерење на квалитетот на воздухот кој влегува во автомобилот. Ако се открие пад на квалитетот, на пример при возење во тунел во кој моќе да постои високо ниво на издувни гасови, автомобилот автоматски го затвора доводот на воздух и се префрла на рециклирање на воздухот.

Така, целиот воздух, дури и ако е циркулиран, поминува низ повеќе филтри кои го минимизираат нивото на прашина, полен и други честички кои влегуваат во кабината. Слојот од активен јаглен го прави истото за хемиски мириси, како што е течноста за миење на ветробранското стакло. Исто така, се филтрираат о штетни супстанци, како што се честичките од издувните гасови.
 
Всушност, CleanZone почнува да Ве штити уште пред да седнете во автомобилот. Штом ја отклучите вратата, вентилацијата се уклучува на висока брзина за да го исфрли отстојаниот воздух.
 
Anders е горд на пристапот на Volvo во подобрување на квалитетот на воздухот во автомобилот. "Ние не го развиваме ова само за себе," вели тој. "Го развиваме за воздухот во внатрешноста да биде подобар за луѓето. А го тестиравме во вистински животни ситуации, како би можеле со сигурност да потврдиме дека технологијата навистина функционира."

Anders Löfvendahl, - Инженер за квалитет на воздухот

"Благодарение на системот за квалитет на воздухот и мулти-филтерот, сега сте позаштитени внатре во Volvo XC60, отколку надвор. "

Истражете го Volvo XC60