ДИНАМИЧНО ВОЗЕЊЕ

РИТАМ И ТЕК

Повеќе е до динамиката на шасијата отколку до чиста физика. Roger Wallgren од Volvo Cars, ја објаснува уметноста во креирање искуство при возење на новото Volvo XC60.

"Бараме луѓе кои се заинтересира во спорт, музика, танц", објаснува Roger Wallgren, главен инжењер на динамика на возила. "Луѓе кои ценат контрола, рамнотежа и време.“

Roger ја развива динамиката на возење на новите генерации на Volvo автомобили, како што е XC60. Овие квалитети, како контрола, рамнотежа и добар тајминг, се суштина во искуството кога го возите новото Volvo XC60. Тоа е автомобил дизајниран за Вие да се осеќате безбедно и во контрола, без разлика на патот. Опишувајќи го развојот на шасијата како спој на уметност и наука, Roger може да се смета за уметник, кој ги користи сите компоненти и ги претвара во искуство при едно возење на Volvo. Тој тоа искуство го опишува како „софистицирано уживање во возењето.




"Јас сум нешто измеѓу готвач и композитор. Земам сурови материјали и од нив создавам нешто единствено", додава Roger.

Ваш како секој голе готвач или композитор , Roger  константно тестира и ја подобрува својата работа како би се нашла совршената рамнотежа помеѓу управувањето и удобноста. „За да бидата другите задоволни, прво треба да бидам јас задоволен“, објаснува тој. „Морам да го направам искуството при возење сопствено искуство“.

Roger го споредува возењето со своите хобија: танцот и скијањето. „Возењето е како танц. Морате да најдете ритам. Ритамот на музиката и патот. Кај скијањето се работи за наоѓање на совршената рамнотежа. Кога ќе додадете музика во било која од тие работи, додавате емиција, што Ви дава природен тек. Така возењето станува интуитивно, привлечно и природно. Не мора да размислувате за неа.“

Volvo XC60 има и воздушна суспензија и електрично контролирани амортизери кои Ви овозможуваат да имате четири автомобили во еден, објаснува Roger.

"Дури и во стандардниот режим на работа Volvo XC60 е автомобил кој е многу пријатен за долги патувања, баш како и кога сакате да се возите по потешки патишта." Со допир на копче можете повеќе да го ангажирате Вашиот автомобил, со повеќе нивоа на информации, подобра контрола и подобри повратни информации за воланот "Може да одберете динамичен начин на возење, како да сте на селски пати и сакате спортско возење“, вели Roger.

Потоа, тука е off-road начинот на возење, со што се подига суспензијата за 40 мм како би Ви овозможила дополнителна одалеченост од површината. "Многу корисно кога сте во длабок снег, на пример“ објаснува Roger.

"Со воздушната суспензија, овој автомобил станува мулти-функционален. Тоа Ви помога дури и кога не возите. На пример, можете да го спуштите автомобилот за полесно да влезете или излете од него него или да ставите нешто во багажникот.

Истражете го новото Volvo XC60