ЕДНОСТАВНА СОПСТВЕНОСТ

ВАШЕ VOLVO. СЕКОГАШ ПОВРЗАНИ

Volvo on Call апликацијата ги поврзува Вашиот телефон, таблет или преносен апарат со Вашиот автомобил со што Ви го прави Вашиот живот поедноставен, вели Fredrik Zetterlund од Volvo Cars.

"Наша цел е да Ве поврзаме Вас, Вашиот автомобил и светот околу Вас со што би го направиле Вашиот живот поедноставен. ", вели Fredrik Zetterlund, главен инжењер за мобилни апликации. Во новото Volvo XC60, Volvo On Call системот Ви овозможува далечински надзор над Вашиот автомобил преку паметен телефон, таблет или преносен апарат, со што го прави корисен дел од Вашиот живот. Fredrik има искуство од прва рака за тоа колку корисно може да биде. „Понекогаш одам на мало острово, оставајќи го мојот автомобил на копно“, објаснува тој. „Еднаш му беше потребно на мојот татко нешто од мојот автомобил, поради што морав со траект да се вратам во град за да се најдам до него. Наместо тоа, само го упатив каде ми се наоѓа мојо автомобил, го отклучив користејќи ја Volvo on Call апликацијата од мобилниот телефон. Од кога тој ги зема своите работи, јас повторно си го заклучив.“
Предвидлива функционалност значи дека  Volvo On Call работи како мозок - учи од своите претходни активност како ви Ви помогнал на дневна база.

„Ние се трудиме да создадеме апликација која ќе разбере што треба да направи, како би Ви помогнала на Вашиот пат", вели Fredrik. „На пример, Volvo On Call може да разбере дека денеска е работен ден и да ви јави: Имате состанок за 15 минути - сакате да ја  пратам локација за состанок во навицијата на Вашиот автомобил? Кога ќе влезете во автомобилот, навигација ќе биде подготвена и Вие ќе бидете предупредени за сообраќајните проблеми.“

Животот е едноставен со  Volvo On Call бидејќи е интегриран со MyVolvo системот, Вашиот личен онлајн центар кое Ви е 24 часа на располагање со обучени лица кои можат да Ви помогнат кога Ви е потребна помош. Вградена можност е со оваа апликација да го направите Вашиот автомобил Wi-Fi Hotspot за Вас и Вашите патници.

„Станува збор за технологија за подобрување на секојдневните човечки искуства“, вели Fredrik. „Сакаме да го направиме поседувањето автомобил наједноставно и најпријатно што може да биде.

Истражете го новото XC60