SENSUS

ЧОВЕЧКИ ДОПИР

Напредната технологија има природно, човечко чувство во новото Volvo XC60. Експертите од Volvo Cars Ви објаснуваат како функционира науката правењето на работите поедноставни.

"Што можеме да направиме за да ги поедноставиме работите? Тоа е она што се прашуваме," вели Johannes Hedberg, Дизајнер за интеракции во Volvo Cars.

Johannes зборува за филозофијата на компанијата што се однесува на технологијата. Тој е одговорен за допирните функции во новото Volvo XC60. Оваа карактеристика Ви овозможува да пишувате пораки, да барате контакти, да ја внесете локацијата и да ја пронајдете омилената песна едноставно со пишување на букви или цели зборови на централниот екран осетлив на допир. Тој работи дури и кога носите ракавици.
 
Позадината на Johannes е во когнитивната наука, широко подрачје кое одговара прашања како: како функционира човечкиот мозок и на кој начин сме во интеракција со светот околу нас. Тоа длабоко разбирање како луѓето функционираат е почетна точка за изработка на технологија со човечко, природно чувство.

Тоа е целта на Sensus сисемот, иновација на Volvo Cars која Ве поврзува Вас, Вашето  Volvo и светот околу Вас. Во новото Volvo XC60, Sensus системот го прави тоа поврзување полесно од било кога."

Природна едноставност

Докторот по физика кој ја поминал кариерата проучувајќи ја технологијата на екраните со течни кристали (LCD), Д-р David Hermann, е добар избор да се осигура дека екранот ќе биде едноставен за употреба, без оглед на условите. Д-р Hermann, кој е технички експерт за визуелни перформанси и технологии на екранот Volvo Cars ни помогна да развиеме централен екран чувствителен на допир.
 
"Многу работевме на тоа да бидеме сигурни дека екранот ќе може да се чита на силно сонце, " вели David. "Мат завршен слој кај некои екрани на допир создава голем простор за рефлективно, дифузно светло, но површината со висок сјај и ниска рефлексија која ја употребуваме во Volvo автомобилите, го решава тој проблем и дава побистра слика. Тоа е едноставно, модерно решение, инспирирано од паметните телефони."

Sensus навигацијата е потполно интегрирана, поврзана Volvo навигациона технологија. Таа на централниот екран на допир изгледа најдобро во хоризонтален формат, прикажувајќи поголем дел од патот по кој се движите отколку класичен екран.
 
Навигацијата со нови податоци и ажурирања се праќа директно во автомобилот, така што не морате да се грижите за тоа каде ќе ја пронајдете мапата или како да ја преземете.

Моќта на говорот

Гласовното управување е уште еден пример за едноставна интеракција во новото Volvo XC60. Тоа Ви овозможува говорно да управувате со климата, навигацијата, медија системот и телефонските функции.  Jenny Wilkie, експерт за говорна технологија во Volvo со Докторат по инженерски дијалог, ни помогна да ја усовршиме таа технологија. Нејзината работа е да осигура Вашиот автомобил да ве разбере, без оглед на јазикот и нагласокот.

"Не морате да зборувате полека за нашата функција за гласовно управување. Нормалната брзина функционира," вели таа. "А да се изрече гласовна наредба е едноставно бидејќи автомобилот разбира повеќе од само одговарање на наредби." Можете дури да користите алтернативни називи за своите омилени музичари. "На пример, наместо да кажете Bruce Springsteen, можете да кажете'The Boss", вели Jenny.

Да бидете во можност да разговарате со автомобилот на сличен начин како што разговарате со друга личност го прави гласовното управување покорисно и поинтуитивно, објаснува Jenny. "Едноставно е и природно.Таква треба да биде технологијата."


Истражете го Volvo XC60