ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

ИНДИВИДУАЛЕН КАКО И ВИЕ

Со новото Volvo XC60, добивањето автомобил каков што посакувате е полесно од било кога.

"Сакаме да Ви овозможиме Вашиот автомобил да го направи само свој", вели Ebba Maria Thunberg, Директор за дизајн на бои и материјали во Volvo.

Со голем избор на опрема, опција и додатоци, Volvo XC60 нуди голем број начини за купувачот да направи автомобил кој совршено одговара на неговиот индивидуален вкус. "Постојат толку многу начини со кои можете да оставите силна порака возејќи го овој автомобил. Навистина можете да се изразите себеси", вели Ebba Maria.
 
"Персонализацијата совршено се вклопува со филозофијата "Volvo – дизајниран околу Вас", додава Ebba. "Ние разбираме дека Вашиот автомобил станува дел од Вашиот живот и е Ваш личен одраз. И секако, ние доаѓаме од Шведска, место каде луѓето се вреднуваат како поединци."

Цел и елеганција

"Ова е најдинамичниот изглед кој досега сме го креирале за SUV", вели Ebba Maria за Volvo XC60 во R-Design. "Совршен е за оние кои сакаат автомобилот да им изгледа и да биде спортски." Екстериерно, единствените R-Design детали вклучуваат решетки со црна боја и висок сјај, заден браник по мерка и решетки со свиленкаста рамка, облога на страничните прозори и куќишта за ретровизорите.

Внатре, дизајнерските детали и материјали се насочени кон подобрување на чувството на свест на автомобилот, како што се контрастни кроеви на седиштата, вратата, контролната табла и теписите.  Предните контурирани седишта на R-Design се изработени од специјален велур и кожа. "Тие изгледаат одлично и помагаат да ве задржат на место при вртење на кривини ", вели Ebba Maria. Уште една посебна карактеристика на R-Design автомобилот е металната мрежа во декорот. "Тоа е релјефен алуминиум", вели Ebba Maria. "Тој навистина е тродимензионален. Ако ги затворите очите и допрете, можете да ја почувствувате структурата. Не е само рамна и сјајна."Inscription е олицетворение на модерната Шведска луксузност. "Многу е елегантен," вели Ebba-Maria. "Pine Grey металик, нова боја за екстериер, совршено го дополнува. Постои прекрасна интеракција помеѓу елегантноста, суптилната боја и светлиот хромиран пресек на предната решетка и страничните прозори."

Дрвениот декор е уште една особина на моделот Inscription. "Инспириран од дрво кое е разнесено на плажа", вели Ebba Maria. "Поразличен од традиционалното дрво кое се користи во автомобилите и има силен скандинавски впечаток. Во комбинација со светлиот внатрешен пресек, на кабината и дава чувство на хармонија како во Шведски дом."



Ebba Maria Thunberg - Директор за дизајн на бои и материјали

" Постојат толку многу начини со кои можете да оставите силна порака возејќи го овој автомобил. Навистина можете да се изразите себеси. "

Страст и карактер

Опционалниот сончев кров на Volvo XC60 ја одржува страста за природната светлина која е дел од животот во Шведска."Тој ја преплавува кабината со светлина и ја внесува околината во автомобилот ", вели Ebba Maria. Протегајќи се од ветробранското стакло до задните седишта, сончевиот кров им служи на сите, без разлика каде и да седат.

Од надворешната страна, можете да креирате ексклузивен изглед со опционалниот комплет за стилизирање на надворешноста. "Тој е дизајниран за совршено дополнување на карактерот на автомобилот", вели Ebba Maria. Пакетот вклучува предни и задни плочи од нерѓосувачки челик и две интегрирани цевки. Wheelarch extensions frame bold 22-inch алуминиумските браници на Volvo XC60 му даваат уште помоќно, индивидуално присуство.

Истражете го Volvo XC60