" "

ТЕХНОЛОГИЈА КОЈА ПОМАГА

СЕКОЈДНЕВНА ЕДНОСТАВНОСТ

Тир паметни функции го прават паркирањето и маневрирањето полесно него било кога во новото Volvo XC60, изјави инжењерот на Volvo Cars, Claes Boberg

"Во Volvo, технологијата е присутна само ако го прави животот подобар," изјави Claes Boberg, Инжењер, Маневрирање при ниски брзини, при Volvo Cars. "Ние не развиваме функции само поради тоа што можеме - тие мора да бидат корисни и тие мора едноставно да се интегрираат во човечките животи." Како и во самиот автомобил. Нема да ги приметите камерите и сензорите во новото Volvo XC60. Но ќе забележите што тие прават за Вас, зошто тие се основа за трите функции кои го прават животот полесен - Park Assist Pilot, 360° камера и Cross Traffic Alert.





Совршено паркирање, секој пат

"Park Assist Pilot го прави животот поудобен. Тоа е како да имате некој кој го паркира автомобилот за Вас," изјави Claes. Оваа иновација го мери паркинг просторот кога проаѓате покрај него и Ви дава повратна информација дали е адекватен за паркирање. Потоа, системот може да го паркира XC60 во паралелен паркинг простор кој е само 20% подолг од автомобилот, или пак да го паркира на паркинг место под прав агол.  Откако ќе го активирате, сè што треба да направите е да управувате со менувачот и сопирачките додека возилото Ве води до конечната паркинг позиција. „Брилијантен е - кога последното слободно паркинг место изгледа премало, може да му доверите на возилото да се погрижи за безбедното паркирање," изјави Claes.


Поглед од врвот

"Поседувањето на сестран поглед Ви овозможува безстресно паркирање," изјави Claes. "И нашата 360° камера Ви дава незаменлив поглед од возилото и неговата околина." За да се создаде овој поглед, слики од нашите четири скриени камери на автомобилот се комбинирани за да се прикаже птичја перспектива на големиот централен екран на Volvo XC60. „Мислам дека ја имаме најдобрата птичја перспектива на пазарот," изјави Claes. "Екранот е намерно голем за да може да видите повеќе детали како и неговото портретно поставување значи дека возилото е свртено во истата насока како и Вие - што го прави полесно да се види и разбере."


Pojačana pažnja

"Cross Traffic Alert е како да имате очи на тилот од главата. Системот гледа зад аглите," изјави Claes. Оваа функција го прави излагањето од тесни места во активен сообраќај полесно и побезбедно. Радари скриени под задниот браник детектираат возила кои се движат кон Вас до растојание од 30 метра, како и велосипедисти и пешаци на помали дистанци. Доколку постои опасност од судар, Вие добивате звучно и визуелно предупредување од возилото. Тоа е технологија на која може да се потпрете, изјави Claes. "Радарот никогаш не се уморува, не трепка и не губи внимание. Можеби нема да ги заприметите, но добро е да се знае дека тие се таму кога Ви се потребни."


Истражете го Volvo XC60