ОДИ ПО СВОЈОТ ЛИЧЕН ПАТ

Со новиот S60 Cross Country, можете да го следите вашето чувство на авантура - каде и да ве одведе.

Направете го свој

Додавањето осветлени таблички или ексклузивни тркала Volvo на вашиот S60 Cross Country му даваат единствено чувство за стил и го зголемуваат авантуристичкиот дух на веќе сигурното и вешто возење.

Багаж и товар

Нашиот пакет со паметни решенија е уникатно дизајниран за да се вклопи со Вашиот S60 Cross Country. Сега можете да земете се што ви е потребно за вашето возење, сигурно, безбедно и со стил.

Технологија и звук

За да бидеме сигурни дека возачите ќе се забавуваат, ќе бидат информирани и во контрола имаме галантерија на додатоци во која има додаток за секого.

Безбедност за деца

Нашите детски седишта се дизајнирани да го направат патувањето со автомобил посигурно и попријатно за Вашите деца. И да Ви го олеснат животот.

Оптимизација на перформансите на Polestar

Drive-E е најнапредниот систем за пропулзија на Volvo досега. Како резултат на тоа, инженерите на Polestar се фокусираа на пет критични перформанси при градењето на новата генерација оптимизации на Polestar. Со холистичен пристап извршија надградба на софтверот за моторот и менувачот. Заедно, тие нудат побрзо, попрецизно и интуитивно искуство.
НАЈДИ ОПТИМИЗАЦИЈА ЗА ВАШЕТО VOLVO

Наши иновации

Се што правиме е дизајнирано околу луѓе, затоа секоја иновација што ја рпавиме е дизајнирана да го поедностави и подобри вашиот живот. Ние сме посебно горди на нашите напредоци во ефикасната моќ, конективноста и безбедноста. Ние го нарекуваме нашето размислување во овие простори: Drive-E, Sensus, и IntelliSafe.