R-Design

Реоткријте го возењето

Перформанско возило кое ве поврзува со патот

Прецизна контрола

Ве поставува на возачкото седиште

Со спојување на елеганцијата на V90 и спортскиот дух на R-Design, имате комбинација на прецизност и контрола, што ви дава удобност. Спортската шасија, спуштената висина на возењето и прештелуваното управување со воланот, даваат остра и брза реакција која ви треба во еден автомобил со перформанси. Седиштата R-Design и декорацијата по мерка а одразуваат и надворешноста, така што секогаш знаете дека возите нешто посебно.

Мотивиран. Со цел.

Поради уникатниот стил, S90 R-Design го забележувате веднаш. Блескавиот црн R-Design на решетката и на додатоците на браникот, тркалата од 53 см и интегрираните ауспуси прават автомобилот да се истакнува. Во внатрешноста има седишта R-Design Contour, волан со педали за меување брзина, апликации од кабонско влакно и тапацир „ Charcoal“ кои даваат фокусирано расположение. Ве кани да влезете и да возите секој ден.

Наши иновации

Се што правиме е дизајнирано околу луѓе, затоа секоја иновација што ја рпавиме е дизајнирана да го поедностави и подобри вашиот живот. Ние сме посебно горди на нашите напредоци во ефикасната моќ, конективноста и безбедноста. Ние го нарекуваме нашето размислување во овие простори: Drive-E, Sensus, и IntelliSafe.