Кога возењето е важно

Перформанс од Шведска

Polestar

Го претставуваме Polestar, тркачкиот партнер на Volvo од 1996. Роден на тркачките патеки во Шведска и низ светот, Polestar сфаќа дека трките не се добиваат во еден круг. За да победи на трки и шампионати, автомобилот мора да стигне до карираното знаме. Секој пат. А за тоа мора да биде оптимално балансиран, безбеден и проверен. Истото знаење се применува кај сите производи на Polestar за патничките автомобили. Без оглед на тоа дали се работи за оптимизација на перформансите на Polestar, делови на Polestar или конструиран автомобил на Polestar, сите ја следат истата инженерска филозофија.

S60 и V60 Polestar

Polestar создаде автомобили за вистински возачи, балансирани и предвидливи, останувајќи им верни на својата инженерска филозофија. Засновани на својствената и проверена платформа на Volvo, автомобилите на Polestar се фокусираат на активниот возач. Купувајќи балансирана и сигурна машина, ентузијастите за возење ќе уживаат во возило кое е еднакво сигурно на криви селски патишта како и на прометен автопат, каде што не се жртвува удобноста и покрај поголемата контрола. За да разберете сосема, веројатно ќе треба да направите едно пробно возење. Уживајте.

Создаден да работи

Оптимизација на перформансите на Polestar

Drive-E е најнапредниот систем за пропулзија на Volvo досега. Како резултат на тоа, инженерите на Polestar се фокусираа на пет критични перформанси при градењето на новата генерација оптимизации на Polestar. Со холистичен пристап извршија надградба на софтверот за моторот и менувачот. Заедно, тие нудат побрзо, попрецизно и интуитивно искуство.

ОПТИМИЗИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО ВОЛВО

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ОПТИМИЗАЦИЈАТА

КОНТАКТИРАЈТЕ ДИЛЕР

Најдете го најблискиот дилер или сервис денес

Наши иновации

Се што правиме е дизајнирано околу луѓе, затоа секоја иновација што ја рпавиме е дизајнирана да го поедностави и подобри вашиот живот. Ние сме посебно горди на нашите напредоци во ефикасната моќ, конективноста и безбедноста. Ние го нарекуваме нашето размислување во овие простори: Drive-E, Sensus, и IntelliSafe.