Сигурноста на децата во автомобилите на Волво

Новата генерација

Веќе над 50 години сме едни од водечките авторитети кога се работи за сигурноста на децата.

Сега е време да се направи следниот чекор. Време е да се воведе
новата генерација детски седишта на Volvo Cars.

Денес, кога станува збор за детската безбедност во автомобилите Volvo се смета за репер. Но тоа не се случи преку ноќ, резултат е на полувековна напорна работа, постојани тестирања и прецизни истражувања. Многу се гордееме со тоа. Кога дојде време да се направи новата генерација детски седишта на Volvo Cars, нашето 50-годишно знаење и експертиза ги употребивме за да направиме асортиман на детски седишта кои се безбедни, удобни и луксузи.

Дизајниран за вистинскиот живот

Тимот на The Volvo Cars за истражување на сообраќајни несреќи, уште од раните 1970-ти собира информации за судирите на автомобилите на Волво на шведските патишта. Овие информации ни помогнаа да развиеме програма за тестирање што ја користиме во нашиот центар за тестирање во Гетеборг, ШведскаSweden.

Нашиот единствен пристап кон детската безбедност вклучува создавање и изведување тестови засновани на вистински сообраќајни ситуации, а со нашите автомобили ги тестираме и нашите детски седишта. Тоа ни овозможува внимателно да следиме како реагира секое детско седиште во околности од вистинскиот живот, а потоа ги кроиме нашите дизајни согласно со тоа.

Исто така проучуваме како влијае секојдневната употреба врз изгледот и перформансите на секое детско седиште во различни услови: студ, влага. Понатаму се тестираат материјалите за да се намали емисијата на издувни гасови во автомобилот и да се обезбедат сите детски седишта од штетни супстанци, како што се никелот и хромот.

-

Добро дизајнирано детско седиште da одговора и на детето и на автомобилот. Но, пред се добро детско седиште треба да ги задоволи потребите за безбедност на детето.

Воведување на новата генерација

Не само што се детските седишта од новата генерација на Volvo Cars полесни за употреба, ја подобривме можноста за навалување за да им помогнеме на децата да се одморат и спијат. Седиштето за бебиња свртено наназад има наслон за глава со седум опции за подесување, а големото детско седиште свртено наназад нуди поголем простор за нозе за повисоките деца. Секое ново детско седиште има елементи на класичен скандинавски дизајн за да се интегрира во внатрешноста автомобилот, а единствениот и елегантен тапацир со боја на дрвен јаглен, дава можност за добро дишење, добро апсорбира и е мек на допир. Нашиот нов асортиман на детски седишта нуди повеќе места за врзување согласно со ISOFIX стандардот, за да ни осигури најбезбеден и најудобен асортиман на детски седишта досега.

Безбедни, удобни и луксузни. Новата генерација детски седишта на Volvo Cars е резултат на повеќе од 50-годишно искуство, знаење и тестирање кои ќе ви користат вам и на вашето семејство. Добре дојдовте во новата генерација.

Лидери во детската безбедност

Сакате вашите деца да бидат што побезбедни во вашиот автомобил. И ние сакаме. Volvo Cars одигра клучна улога во развојот на детски седишта свртени наназад и постојано настојуваме да ја подобриме безбедноста на децата во нашите автомобили со комбинирање на истражување и иновации.
Discover child safety, by Volvo