Volvo Личен Сервис

Ова не е околу автомобилите


За луѓето е

Во Шведска секогаш бараме начини како да го направиме животот поедноставен. Особено кога се работи за нашите автомобили. Додека другите работилници се уште користат ги старите методи, ние имавме исклучително шведски пристап кон иновациите за да го внесеме нашето сервисирање на автомобили во новата ера. Ние го нарекуваме Volvo Personal Service.

Побрзо и поедноставно сервисирање

Смисливме нов пристап кон сервисирањето на вашиот автомобил. Поедноставен и поефикасен пристап. Сега нашите стручни техничари работат во тимови, како пит-стоповите на автомобилските трки, па повеќето сервисирања не траат повеќе од еден час. Можете да чекате и да се опуштите додека работиме. 

Искористете го времето најдобро

Додека го чекате вашиот автомобил, добредојдени сте во нашата Дневна соба. Удобен салон со бесплатен Wi-Fi, освежителни пијалаци и списанија-се што ви е потребно за да го искористите времето што подобро. И пред да сфатите, вашиот автомобил ќе биде сервисиран, измиен и спремен да се врати на пат. 

Ваш личен техничар

Наскоро сите сопственици на Волво ќе имаат личен сервисер кој ќе се погрижи за се околу автомобилот, од резервации до изведување на сервисирањето. Бидејќи секој пат ќе имате работа со истиот техничар, ќе ве запознае вас колку и вашиот автомобил. 

Наши иновации

Се што правиме е дизајнирано околу луѓе, затоа секоја иновација што ја рпавиме е дизајнирана да го поедностави и подобри вашиот живот. Ние сме посебно горди на нашите напредоци во ефикасната моќ, конективноста и безбедноста. Ние го нарекуваме нашето размислување во овие простори: Drive-E, Sensus, и IntelliSafe.