1982 - 1990
760 SEDAN

Со моделот 760 седан воведен во 1982 година, Volvo влезе во малиот број на производители на престижни возила со врвна удобност и високо ниво на изведба. Моделот 760 беше многу истакнат автомобил кој благодарение на својот невообичаен аголен дизајн нудеше добар внатрешен простор. Нивото на безбедност е супериорно во однос на двата претходни автомобили и од повеќето конкуренти. "Основната" верзија на 760GLE беше управувана од страна на развиената верзија на францускиот V6 мотор кој се користеше претходно во серијата 260, но подоцна беше дополнет со многу брз 4 цилиндричен мотор. Турбо верзијата со 6-цилиндричен дизел со интеркулер која благодарение на добрите перформанси и ниската потрошувачка на гориво нудеше врвна удобност во текот на долги растојанија и неспоредлив спектар на возење. Најобемната промена на седанот 760GLE се изврши во 1987 година, кога фронталниот изглед беше променет и е воведена единствена мулти-линк задна оска, заедно со стотици други големи промени што го направја речиси нов автомобил.