Intellisafe

Редефинирање на безбедноста, секој ден

Посветени сме на тоа да го направиме возењето полесно и побезбедно. Нашата визија е никој да не загина, ниту да биде сериозно повреден во новите автомобили на Volvo до 2020. Денес нашите технологии IntelliSafe ве поддржуваат додека возите, помагајќи да се спречат сообраќајки и заштитувајќи доколку се случи некоја.

Поддршка и превенција

Безбедните патувања се за повеќе уживање

Безбедно, поудобно возење

Секое патување е лесно со Adaptive Cruise Control, кој автоматски одржува безбедно растојание од автомобилот пред Вас. При возење со брзина помала од 50 км/час, работат заедно со нашата Pilot Assist технологија за да Ви помогнат да возите во истата лента со благо управување на воланот.

Поглед од птичја перспектива

Со технологијата 360° Surround View добивате поглед врз Вашиот автомобил и неговата околина од птичја перспектива за да можете да ги видите пречките околу Вас. Ова го олеснува маневрирањето и паркирањето во тесни простори.

Останете будни

Доколку станете поспани или невнимателни при возењето, Driver Alert Control ќе ве предупреди и ќе побара од Вас да застанете. Функцијата Rest Stop Guidance дури може и да Ви каже каде е безбедно да застанете.

Осветлување на патот пред Вас

За да ви овозможи добар поглед, Active High Beam Control овозможува постојано да возите со долги светла, без да ги заслепите останатите. Тој ги препознава останатите учесници во сообраќајот и автоматски ги намалува светлата за да не им пречи. Вие добивате оптимално светло и подобрена безбедност за сите.

Безбедно престројување

Може да се престројувате со сигурност дека е безбедно да го направите тоа со нашиот Blind Spot Information System. Системот користи радар сензори за да Ве предупреди за сообраќајот околу Вашиот автомобил.

Ве одржува на вистинскиот пат

За да го одржи автомобилот на добар пат, сензорите Lane Keeping Aid забележуваат дека случајно сте излегле од лентата и со благ потег Ве враќаат назад.

Градска безбедност

Вашиот ко-пилот на аптот

Сметајте го City Safety како ко-пилот кој секогаш е тука да внимава на вас - детектирајќи опасности пред вас, предупредувајќи ве и припремајќи ги сопирачките за брз одговор. Доколку судир е неизбежен автоматски ќе се вклучат сопирачките, правејќи ударот доколу може да не се случи или пак да се намали.

Заштита на пешаци

Нашата технологија City Safety ги препознава пешаците на патот пред нас, без разлика дали стојат или се движат по нашата патека. Доколку Вие не изреагирате на предупредувањето, Вашето Volvo ќе закочи наместо Вас, што може да го намали или избегне ударот.

Ви помага при заштита на велосипедисти

Доколку велосипедист ненадејно скршне пред Вашиот автомобил, нашата технологија за детекција на велосипедисти ќе издаде предупредување и ќе закочи за Вас ако е потребна брза реакција.

Ви помага безбедно да завртите на раскрсница

Нашата технологија за кочење на раскрсница, која е прва во светот, помага во спречување на една од најчестите и најштетни сообраќајни несреќи. Кога ќе го пресечете патот на автомобил од спротивната насока, таа препознава дали претстои можност за судар и во таков случај закочува наместо Вас за да ја намали јачината на ударот или евентуално за целосно да го избегне.

INTELLISAFE AUTOPILOT

Во иднината, вашето возило ќе ја врши работата

Дозволете му на вашето Волво да се погрижи за возењето и да го контролира вашето време со автопилотот IntelliSafe . Нашата технологија за автономно возење ќе ги револуционализира патувањата и ќе најде побезбеден и попродуктивен начин за патување.

Заштита

Спремни за неочекуваното

Непредвидливи работи се случуваат на патот, затоа ги создадовме опциите да ве држат на патот колку може по сигурни.

Меко слетување

Нашите автомобили ги штитат тие надвор од автомобилот, како и оние внатре во автомобилот. Воздушното перниче за пешаци – Volvo технологија прва во светот – автоматски се надувува за да го покрие ветробранското стакло при судир за да ги намали повредите.

Заштита во секаква ситуација

Нашата последна технологија за безбеден појас кој е прв во светот Ве штити во случај кога автомобилот ќе излета од пат – честа и опасна форма на сообраќајна несреќа. За да Ве задржи цврсто заврзани, системот електронски го затега безбедносниот појас. И за да го заштити Вашиот ‘рбет од прекршување при грубо слетување, уникатната структура на седиштето апсорбира вертикален товар.

Безбедносен појас фиксиран во три точки - иновација на Volvo

Ние му го дадовме на светот безбедносниот појас фиксиран во три точки во 1959 година – кој спаси безброј човечки животи и е прогласен за еден од најважните пронајдоци во светот. Ние постојано иновираме и сега нудиме безбедносни појаси кои автоматски се затегаат во рок од неколку илјадници делови од секундата по судар.

Побезбедни патувања за деца

Ние никогаш нема да престанеме да ја подобруваме безбедноста за сите во нашите автомобили. За да овозможиме поголема безбедност за деца, го развивме првото детско седиште насочено кон назад и во 2015 година ја славиме 25-тата годишнина од една од најважните безбедносни иновации – интегрираното перниче за поткревање.

Технологиите IntelliSafe се разликуваат од модел до модел